|
||||
„Важно е! Од тебе зависат промените“ |
Важно е да имаме дипломатија со капацитет, законите да важат подеднакво за сите и да нема непотизам Во рамки на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“, граѓани продолжуваат со објавување на кратки видео пораки што според нив е важно. Денеска потпретседателот на партијата Тимчо Муцунски порача дека за него важно е државата да има дипломатија со капацитет. Важно е да имаме дипломатија со капацитет. А, тебе што ти е важно, праша Муцунски. Во кампањата се приклучи и адвокат Панче Тошковски кој рече дека за него важно е законите да важат подеднакво за сите. Важно е законите еднакво да важат за сите граѓани во Република Македонија, изјави Тошковски. Според Марија Андоновска, член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ е важно да се реконструираат болниците. Важно е да се реконструираат болниците во Македонија, вели Андоновска. Игор Јанушев, пратеник во македонското Собрание нагласи дека за него важно е да нема непотизам при вработување. Важно е да нема непотизам и врски при вработување, потенцираше Јанушев. Пратеничката Лидија Петкоска порача дека за неа важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух. Важно е да се исполнат барањата на лицата со оштетен слух, додаде Петкоска. Покрај партиските функционери на партијата и активисти, се поголем број на граѓани се приклучуваат на кампањата „Важно е! Од тебе зависат промените“ и го креваат својот глас за промени кои носат иднина. Секој еден е важен. Важно е да се обединиме. |