|
||||
Христијан Мицкоски: Честит 23 Октомври |
Христијан Мицкоски: Честит 23 Октомври Дозволете ми од мое лично име и од име на ВМРО-ДПМНЕ да го честитам 23 Октомври - Денот на македонската револуционерна борба, на сите граѓани на Македонија. 23 Октомври е датум кој во нашата колективна меморија е врежан како датум кога за прв пат македонскиот народ се организирал во организација за борба за слободна и независна држава. Формирањето на МРО, кое подоцна ќе прерасне и во народот ќе остане запаметено како ВМРО е симболот на пркос на Македонецот, воден од желбата за подобро утре. И денес, како и тогаш на тој 23 октомври 1893 година ни е потребен тој пркос и желба за подобро утре, зошто политиките на власта удираат по темелите на општеството, ја разјадуваат државата и ги бркаат луѓето од своите домови во странство. Време е како пред 130 години да се обединиме под знамето на Македонија и да тргнеме напред, да и кажеме не, на власта која не турка надолу, и да го реализираме сонот за просперитетна држава. Ако на основачите на ВМРО им било ВАЖНО формирање на Македонска држава, на нас нивните следбеници ВАЖНО ни е Македонија да биде просперитетна држава, каде ќе владее правото и секоја индивидуа ќе има еднаква шанса за успех. На ВМРО-ДПМНЕ и на мене лично ВАЖНО ни е Македонија да напредува и достигнува нови височини. Честит 23 Октомври, нека е вечна Македонија. Христијан Мицкоски, Претседател на ВМРО-ДПМНЕ |