|
||||
Среќна 19та годишнина на ОМД! |
Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) е основана на 28 октомври 2004 година, со цел да служи како професионален, упорен и непоколеблив глас за Македонците во дијаспората. За овие 19 години станавме водечки промотер, лидер и заштитник на македонските интереси ширум светот. Од идеа, ОМД се претвори во македонска гордост и глобален стожер на македонизмот. Среќна 19та годишнина на ОМД! За овие 19 години, ОМД беше во првите ровови во светските центри бранејќи го променувањето на името, борејќи се за основните права на самоопределување и посочувајќи ги константните прекршувања на човековите права на македонските малцинства во Грција, Бугарија Албанија. Го постигнавме ова поради твојот допринос кон нашата организација. Нашиот успех е и Ваш успех! Како и Република Македонија, мала држава, со големо срце, така и ОМД, со ограничени ресурси но со голем ентузијазам работеше да созаде мост помеѓу татковината и Македонската имиграција. Со ОМД, Република Македонија доби независен глас во Вашингтон, како и низ останатите градови низ светот. Со ОМД, Македонија доби културен промотер, заштитник на нашите древни историски богатсва и традиции. Држевме конференции каде се зборува тешки теми за човекови неправди, одржувавме состаноци со светски лидери борејќи се за да не признат за да можеме слободно да нарекуваме Македонци, промовиравме културни настани со нашата музика, филм, ора. И секогаш го правевме тоа гордо веејќи го нашето црвено знаме, пеејќи ја нашата химна, следејќи ги идеалите на Гоце, Даме, Ченто. Но борбата продолжува. Ова се историски моменти кога демнее опасноста на станеме СевероМакедонци. Да се збрише нашиот македонски идентит, нашата милениумска историја, нашата нација. Сведоци сме на обиди да се ревиозионира историјата и да се отсече трагата на македонската самосвест и определеност која постоела со векови. Сакаат да ни ја грабнат нашата Македонија. Сакаат да го грабнат ова свето место, и овој свет народ и оваа света традиција. Да ни го грабнат Свети Кирил, Свети Методиј. Свети Климент. Додека постои ОМД, тоа нема да се случи! Мора да се надминат партиските разлики и македонците да се фокусираат на патриотските цели. Да работиме за иградба на силна и цврста Република Македонија. Опколени сме со институционален расизам, од внатре и надвор и мораме да сме обединети од било кога. Нашата татковина ни ја грабаат внатрешни криминалци. Благодарение на вас, наши членови, наши донатори и наши пријатели, ОМД никогаш не била во посилна позиција да води широк спектар на застапување, развој на младинско лидерство, волонтеризам и образовни, добротворни и културни програми. Имаме програми каде се повеќе ја зближуваме дијаспората со тактовината. Ќе посочам неколку успеси што ОМД ги направи минатата година:
И многу повеќе, благодарение на вас! Ниту едно од нашите достигнувања во изминатите 19 години не можеше да биде возможно без вашата поддршка. Ако сакате да го видите континуитетот на нашите успеси во иднина за македонската кауза, постојат неколку начини на кои можете да ја поддржите нашата критичка работа во моментов.
Без вашата помош, не можеме да опстанеме! Обединети, можеме да го почитуваме и да му служиме на нашето културно наследство и да се погрижиме следната генерација да знае и да разбере колкава е годоста да се биде Македонец. Обединети, Можеме! Од се срце ви благодарам на вашата подршка во овие 19 години! Ќе ве замолам да донирата колку што можете. Александар Митрески Ко-основач - Обединета Македонска Дијаспора |