Вторник, 07 Ноември 2023    PDF Печати Е-пошта
Мизрахи: Анкетната комисија ќе достави заклучоци до ЈО

7mbnail

Мизрахи: Анкетната комисија ќе достави заклучоци до ЈО, а потоа од нив ќе произлезе освен политичка и кривична одговорност

Политичка одговорност може да се бара како што кажува и самиот назив на актуелни политичари, значи тие би требало да си поднесат оставка и би требало да има реперкусии по нивната политичка иднина. Меѓутоа тоа не значи дека не може да се бара и политичка одговорност на бивши министри и бивши функционери, особено земајќи во предвид дека одредени владини функционери во одредени институции во здравствениот систем, фигурираат и до ден денешен, вели Рашела Мизрахи, претседателка на Анкетната комисија за случајот со Онкологија и пратеник од ВМРО-ДПМНЕ во гостување во Тема на денот на Македонската телевизија.

Мизрахи потенцираше дека дури и да се утврди одговорност кај поранешни министри, таа до Јавното обвинителство ќе ги достави сите заклучоци, укажувајќи дека потоа од нив произлегува и кривична и граѓанска одговорност, и порача Јавното обвинителство да започне да си ја врши својата работа.

Ако зборуваме за поранешни министри тогаш не би можеле да си поднесат оставка, меѓутоа заклучоците на Анкетната комисија, како што кажав и на почетокот таа нема да биде глува и слепа, настрана од сите останати како ФЗО, Малмед или ДСЗИ, таа ќе ги проследи своите заклучоци и до Јавното обвинителство. А според членот 76 од Уставот знаеме дека самата анкетна комисија е уставна категорија, може да произлезе и кривична и граѓанска одговорност. И за тоа мојата порака до Јавното обвинителство е што побрзо да си ја врши својата работа, порача Мизрахи.

На прашањето дали ќе иницираат закон или правилник да се реши хаосот бидејќи има многу онколошки пациенти кои не го добиваат уставно загарантираното право да добијат лек и да се обидат да се излечат, Мизрахи истакна дека закони за здравство има, но тие биле прекршени.

Закони за здравство има. Проблем е што се дозволило да се прекршуваат законите, да се оди преку нив или пак околу нив. Значи законот за здравствена заштита, закон за здравствено осигурување, законот за права на пациентите, сите тие опфаќаат одредена логистика во која што би имало нормално планирање на потребите на одредена јавна здравствена установа за своите пациенти, рече таа.

Малверзациите во рамки на клиниката за Онкологија укажуваат на политички карцином на здравствениот систем

„Првичната моја лична цел беше анкетната комисија да не биде со затворени очи доколку тоа го правеле други институции, така да ги побаравме сите официјални документи и акти кои се поврзани со скандалот од Универзитетската клиника за радиотерапија и Онкологија, Министерството за здравство, ФЗОМ, Малмед, ДСЗИ итн“, истакна пратеничката и член на ИК на ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во Дневникот на МРТ во „Тема на денот“.

Таа додаде дека доколку дефектурата била наредба за да се прави магла во функционирањето на здравствениот систем, да се блокира всушност извршувањето на законот тогаш не може да се каже дека ни имало недостатоци реални на медикаменти, туку дека имало малверзации во рамки на клиниката.

„Самиот здравствен систем има свој закони, функционира по закони и доколку истите биле имплементирани би имало еден грст на контролни механизми кои не би допуштиле и до ден денеска да се знае за колкав број на пациенти се работи, колкав број на медикаменти, која е цената, јачината или количината на медикаменти кои се потребни. Доколку имате здравствена политика во рамки на одредена Влада односно Министерство за здравство, да ги укинете сите контролни механизми тогаш вие тенденциозно создавате хаос кој беше разгледан и на самата Анкетна комисија, се зборуваше за хаосот од укинувањето на „КАТО“ системот, електронската евиденција во Министерството за здравство, немањето протоколи до одлуки на управен одбор кој биле нонсенс со буџетот на клиниката што располага клиниката па дури и до степен каде министерството доставува наредба  за одредена листа на медикаменти без истата да биде производ на реалните потреби на пациентите преку стручниот колегиум“, изјави Мизрахи.

Таа посочи дека ако била пропишана патеката на движење на пациентите тогаш ќе имало точен увид за колку пациенти би изнесувала услугата за секој еден пациент да добие своја терапија.

„Овој случај го нарекувам и политички карцином на здравствениот систем поради тоа што само политички карцином можел да доведе до ваква ситуација нарачан тенденциозен од Владата кон сите структури на здравствениот систем кој ја имале контролата на функционирање“, кажа Мизрахи.

Таа заклучи дека во Македонија премногу често се зборува за реформи и нови законски решенија, но оваа држава од почетокот на своето постоење од 1991 година донела над 7 илјади законски решенија и закони за здравство има во оваа држава, но проблемот е што се дозволило да се прекршуваат законите да се оди преку нив или околу нив.

 

На прво место

News image

Не отворањето истрага против Артан Груби ја покажува спрегата на ДУИ и СДС со правосудството

Македонскиот судско обвинителски систем во спрега со политиката од минатата владејачка гарнитура. ...

Историја

News image

Писма на грчките војници за масакрите извршени во Егејска Македонија во летото 1913 година

Елинската армија ги гори сите славофонски села и ги убива сите славофони што ќе  ги фати!

Култура и туризам

News image

Црско (Мало и Големо)

Од сите легенди и преданија за настанокот на селото и неговото име што се задржале во колективното п...

Фељтон

News image

Д-Р ЛЕФТЕР МАНЧЕ ПОЗНАТ МАКЕДОНЕЦ И ПРИЗНАТ ХИРУРГ (1)

ПОЗНАТИ МАКЕДОНСКИ ЛИЧНОСТИ ВО КАНАДА – ДЕЛ II.

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.