|
||||
Даваме поддршка на иницијативата за обештетување на бранителите |
Ковачки: Даваме поддршка на иницијативата за обештетување на бранителите, ги повикуваме и останатите партии да дадат поддршка Како партија одсекогаш сме давале поддршка на обештетувањето на семејствата на загинатите бранители и на воените инвалиди. Во изминатиот период неколку пати поднесувавме закони, меѓутоа знаете дека истите беа одбивани со договор помеѓу СДС и ДУИ. Ќе ја погледнеме иницијативата, ќе ја разгледаме и истата ќе ја поддржиме. Ги повикуваме и останатите политички партии да се приклучат за да се намали оваа голгота, 20 и неколку годишна голгота на семејствата на загинатите бранители. |