Среда, 06 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Попов: Зошто надлежните не реагираат кон Инфомакс, каде што поткасти држеше монсрумот Палчо, за нивното ширење на говор на омраза?
9t9
 
Попов
 
„Дали постои друг медиум во оваа држава каде може водител на емисија или спикер на вести да биде лице кое било фатено со нелегално огнено оружје во себе, фатено како нелегално откопува или што и да прави со злато, значи фатено во низа на криминални девијантни дејанија, дали друг медиум ќе му биде дозволено тоа лице сеуште да ги води вестите кај него. Како што бевме сведоци ова лице имаше своја емисија, беше водител или ко водител во истата таа емисија“, истакна претседателот на Унијата на млади сили на ВМРО-ДПМНЕ Сергеј Попов во денешниот поткаст на УМС.
 
Тој истакна дека Инфомакс не го нарекува за медиум.
 
„Тоа претставува една групација во Република Македонија која шири омраза, лаги, невистини, создава помеѓу луѓето нетрпеливост и истата таа ја поттикнува, етикетира луѓе и сатанизира личности и врз тие личности повикува на насилство, повикува на бесилки, лежење, некакво висење заедно“, рече Попов.
 
Тој упати и повик до сите млади луѓе да се преиспитаат за давањето на доверба и поддршка на групации кои сеат омраза, злоба и повикуваат на насилство.
 
„Ги повикувам сите млади луѓе да се преиспитаат дали ќе ја дадат довербата на тие медиуми, групации, тие политичари кои сеат омраза, злоба, повикуваат на насилство на некакви си бесења заеднички, висења, бесилки, отстрели, сите заедно ќе ве пукаме. Бидејќи истиот медиум каде се дозволува тој тип на речник и тоа повикување на нечиво бесење е медиум каде уште шоферот на Димитар Апасиев нема гостувано, скоро цела партија се изредија таму заедно со убиецот Палчо до нив, со истиот тој Палчо кој повикува на насилство врз деца на многу познати политичари во Република Македонија“, потенцираше Попов.
 
Тој е дециден дека неказнивоста која владее во Македонија е поттикната од СДСМ.
 
„Неказнивоста која е промовирана од страна на власта и шизофрената насилничка реторика која е промовирана од медиуми како Инфомакс и политички партии како Левица се поврзани помеѓу себе. Зошто? Ќе дадам пример колку пати сме слушнале дека некое приватно лице значи човек кој не е ниту политичар, ниту новинар му бил исклучен Фејсбук профилот или бил санкциониран или повикан на разговор во полициска станица затоа што неговиот Фејсбук статус содржи некаков говор на омраза или некаква екстремистичка реторика, зборуваме за приватно лице кое не е јавна личност и неговиот искажан збор нема иста тежина доколку тоа лице би било јавна личност или политичар. Дали има емисија на Инфомакс, дали има јавен настап на Левица, Палчо и други такви групации кој не изобилуваат со екстремистичка реторика, со повикување на насилство и со големо ниво на говор на омраза? Зошто тогаш физичкото лице е викнато во станица а никој од овој медиум не е повикан во полициска станица“, заклучи Попов.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.