Вторник, 12 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Муцунски: Осум од десет граѓани сакаат промени, а за да ги обезбедиме потребно е ВМРО-ДПМНЕ да влезе во институциите

3mic5

Муцунски

Крајната одлука за тоа дали ВМРО-ДПМНЕ ќе учествува или нема да учествува во техничката влада е одлука која што треба да се донесе од страна на органите на нашата партија. Тука мислам на Извршниот комитет на партијата и на Централниот комитет и очекувам дека во следните неколку недели, таква одлука ќе се донесе, односно ќе го види јавноста нашиот конечен став, вели потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски во неговото гостување на телевизија Алсат.

Муцунски посочи дека негово лично мислење дали ВМРО-ДПМНЕ треба да учествува во техничка влада е афирмативно, односно смета дека тоа е потребно од повеќе гледни точки.

„Прво анкетите на јавното мислење, но и секојдневната комуникација статистички ни покажува дека осум од 10 граѓани се незадоволни од правецот во кој што се движи Република Македонија, што значи дека тие граѓани очекуваат промени. За да им обезбедиме ние на граѓаните промени, да им обезбедиме демократски и фер изборен процес , сметам дека е потребно да влезе ВМРО-ДПМНЕ во институциите. Примарно, петте институции  во кои што ќе добие раководни позиции, за да можеме да гарантираме колку што има капацитети од гледна точка  на надлежностите на тие органи на управата, дека изборниот процес  ќе биде фер, кредибилен и граѓаните да може низ демократска призма да го изразат своето право на гласање“, рече Муцунски.

Тој посочи дека здраво е секоја партија да дискутира и да донесе одлука, по било кое прашање, во органите на партијата, додека пак ДУИ во недостаток на концепт заради преобемната корупција која што ја гледаме на секое поле, секој ден слушаме како шират демагогија, посебно од претставниците на ДУИ, посебно министерот за надворешни работи и потпретседател на партијата, Бујар Османи, кој што постојано зборува за албонофобија.

Муцунски додаде дека не станува збор за албанофобија, туку за фобија и тоа кон одредени поединци во ДУИ, а не кон целата ДУИ, затоа што и таму има луѓе кои ја сакаат и сакаат да придонесат за развој на државата.

„Факт е дека има сериозна колизија во вредносниот систем кој што ние го имаме како луѓе, со вредносниот систем кој што го имаат поединци на  во раководството на ДУИ за кои што гледаме сериозни сомнежи за корупција од кои што ние не можеме да видиме ниту еден конкретен проект важен за граѓаните во  државата, независно дали името на граѓанинот е Висар или Виктор, дали е Јеона или Јована, не гледаме напредок“, рече Муцунски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.