Четврток, 21 Декември 2023    PDF Печати Е-пошта
Николоски: Бугарското вето е само добар параван
1nikj1
 
Николоски: Бугарското вето е само добар параван, 5 земји членки не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори поради високото ниво на криминал и корупција
Главниот проблем за Македонија е тоа што најмалку 5 земји членки на ЕУ не се убедени дека Македонија заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција. Да не беше така проблемот со Бугарија ќе го решеа за едно претпладне или едно попладне, затоа што ние немаме проблем со најсилната земја членка на ЕУ, туку имаме проблем со најслабата членка на ЕУ, истакна потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски на гостување во централниот Дневник на МРТ говорејќи за реалните причини поради кои не беа отворени преговорите со Европската унија. 
 
„Многу повеќе ЕУ и треба на Бугарија отколку што Бугарија и треба на ЕУ и мене никој не може да ме убеди дека не можат да ги натераат да престанат да ставаат вето. Бугарското вето е само добар параван за останатите земји членки коишто мислат дека државава не заслужува почеток на преговори заради високото ниво на криминал и корупција“, потенцираше Николоски.Тој исто така додаде дека сигналите коишто пристигнуваат од Бугарија за нови барања се само потврда за тоа што ВМРО-ДПМНЕ го зборува со години.„Македонија нема никаква гаранција дека нема да има следно бугарско вето, Македонија нема никаква гаранција дека следното барање нема да е националната фигура број еден на Македонците Гоце Делчев да биде прогласен за бугарски учител. Македонија нема никаква гаранција дека едностраната декларација на Бугарија во ЕУ за потеклото на македонскиот јазик којшто се карактеризира како дијалект на бугарскиот јазик нема да стане официјална позиција на ЕУ, како што и Македонија нема никаква гаранција дека било кога ќе ги заврши преговорите со ЕУ доколку во меѓувреме не прифати дека овдека живеат мнозинство население со бугарски корени коишто зборуваат јазик кој што е дијалект на бугарскиот јазик“, подвлече Николоски и додаде:„Марија Габриел само го кажа тоа што ние го зборуваме со години, но проблемот е што оваа влада на СДСМ и на ДУИ јули минатата година стави потпис на таква работа, што е веројатно еден од најсрамните чинови во историјата на Македонија“.
 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.