Петок, 12 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
Чулев: Додека Спасовски на товар на граѓаните прави екскурзии низ САД, народот во нехумани услови на минусни температури чека за лични документи

2v1

Додека Оливер Спасовски, на неколку дена пред заминувањето од Министерството за внатрешни работи со цела делегација, на товар и на сметка на граѓаните прави прошетки  и екскурзии низ Соединетите Американски Држави, Македонија е на прагот на најголемата криза поврзана со личните документи, со акцент на пасошите. Имено, во крајно нехумани услови, граѓаните со часови чекаат во ред и на студ, а во холовите на Министерството за внатрешни работи, стојат илјадници лични документи кои чекаат да бидат поделени, а уште илјадници чекаат да бидат изработени.

Значи, потполно идентично, како и минатиот, така и овој пат во пресрет на техничката влада и парламентарните изборите кога министерот доаѓа од редовите на опозициската партија, граѓаните се соочени со застој во издавањето лични документи, што пак е директна последица од неодговорното, работење и лошата организација од страна на Оливер Спасовски. Станува збор за сериозно прекршување на законот и несовесно работење за кое Јавното обвинителство мора веднаш да реагира.  


Позади километарските редици, каде граѓаните чекаат со часови да се сликаат или подигнат лична карта, возачка дозвола или пасош стои само еден виновник, а тоа е Министерот за внатрешни работи од редовите на Социјалдемократскиот сојуз – Оливер Спасовски. Оливер Спасовски е единствениот виновник за мачењето и нервозите на граѓаните кои стравуваат дека нема да бидат во можност да подигнат плата и пензија или да заминат на медицинска интервенција во странство, студии, конференции, обуки, да ја обавуваат професијата професионален возач, да го обноват престојот во странство и тн. Наместо навремено да направи соодветна внатрешна организација и соодветно да ги алоцира ресурсите за изработка на личните документи, Оливер Спасовски направи привидно решение со отворање на нов пункт – оставајќи ги граѓаните во состојба на студ и на минусни температури со часови да чекаат во ред. Но, парцијалното решение на Спасовски, наместо да го реши проблемот, создаде хаос со цели купови лични документи кои чекаат изработка во депоата на Министерството за внатрешни работи, а за подигнување во нехумани услови се чека со денови. Паралелно со ова, според информациите со кои во моментов располагаме, во Министерството за внатрешни работи веќе се трошат и последните залихи на обрасци за пасоши, неопходни за изработка на документите.  


Почитувани,


Доколку Оливер Спасовски сакаше да воспостави систем за непречено примање, изработка и издавање на личните документи, тогаш требаше да предвиди дополнителни капацитети и во делот на изработка, односно производство, но и во делот на планирањето на ресурсите и издавање на личните документи. Вака граѓаните се доведени во состојба да платат за новиот личен документ скапо, кој поради лошата интерна организација и застојот во изработката и издавања дури и по повеќе од 30 дена да не можат да го подигнат. Со други зборови, Министерството за внатрешни работи им наплаќа на граѓаните за услуга, за која нема технички капацитет и нема услови да ја испорача во законски предвидениот рок.  


Граѓаните паметат, но само за потсетување, Оливер Спасовски креираше иста ваква криза пред четири години, кој тогаш се менаџираше и решаваше во техничката влада. Тогаш од страна на Министерството за внатрешни работи беше спроведена постапка и сите докази кои индицираа сериозен криминал беа доставени од обвинителството за гонење на организиран криминал. Но, непостапување од страна ОЈО, е причина кривично дело да биде сторено повторно сега и граѓаните на Македонија повторно да се доведени до состојба кога не можат да ги остварат своите лични права и да патуваат надвор од земјата.  


Напоменувам, дека како и минатиот пат, по стапувањето на сила на техничката влада, ќе бидат спроведени сите внатрешни процедура со соодветно детектирање на виновникот кој на оперативно и политичко ниво дозволил да се случи ваков сериозен пропуст. И во конкретниот случај ќе бидат преземени сите мерки од страна на Одделот за внатрешна контрола, криминалистички истраги и професионални стандарди, а собраните докази ќе бидат доставени до Јавното обвинителство за постапување.
Мора да има одговорност за секој оној кој постапил спротивно на законите. Оливер Спасовски и луѓето околу него, мора да одговараат за негрижата за граѓаните и фактот дека тие се измалтретирани на минусни температури и несоодветни, нехумани услови со часови да чекаат за да го остварат своето право.

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.