Вторник, 23 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
И по една година, Сè уште го бараме Косте

4kos2

Косто Граоркоски

Денес 23 јануари 2024 година се навршува токму една година од исчезнувањето на Косто Граоркоски - прекрасен човек, пензиониран архитект.

Токму пред една година, Косте, околу 17 часот  излегува од дома до продавница, а потоа, му се губи секаква трага. Мобилниот телефон, бидејќи е испразнет, го остава да се полни, не го зема, а бидејќи утредента е роденден на едно од неговите внучиња, вели дека кога ќе се врати - ќе ја напише честитката.

Бидејќи е примерен и прецизен човек, откога не се враќа навреме од вообичаената прошетка, се алармираат најблиските и за еден час започнува потрага. Како изминуваат часовите, сѐ повеќе луѓе се вклучуваат во потрагата. Врнежлив, студен зимски ден, но воопшто не пречи минимум 100тина луѓе да го бараат.

Договорот е штом некој го забележи, веднаш да јави на најблиските. Уште вечерта се прави мапа на претражени локации каде би се очекувало да помине и иако е длабоко во ноќта, се среќаваш со роднини, знајни и незнајни лица и си велиш, си потврдуваш, знаеш дека е голем човек со огромно срце и иако е фасцинантно, сфаќаш дека сите тие грижливи и племенити луѓе возат, загледуваат во помалку пристапни и забутани сокачиња, да не залутал некаде или некој да не му направил нешто. За да се покрене огромна група на роднини и пријатели, другари и другарки на неговите синови и снаи да го бараат до доцна во ноќта, знаеш дека станува збор за извонредна личност која само туку - така не заслужува да исчезне.

Утредента исто и следниот ден и тој по него... Секогаш си одиш дома со чувство дека го предаваш, а невозможно е, не можеш вечно да бараш. Си велиш, знам дека тетин Косте, мене  би ме барал, не би се откажал, не, не би се откажал... И не функционираш. Минуваат деновите, а кај сите негови блиски - истото чувство, тага, копнеж и желба да биде пронајден.

Во потрагата беа вклучени полиција, војска, кучиња трагачи, но до ден денешен не е пронајден. Здрав, 71 годишен, витален, толерантен човек кој разумно постапува, грижлив, без деменција, човек кој решава судоку, кој пишува книги, а и дента на компјутер му стигнува Договор за објавување на текстови во архитектонско списание во кое често објавувал свои творби, репортажи, разни  документирани вредни дела.

Како роден галичанец, го љуби својот крај, Мијачијата, татковината. Автор е на многу книги и текстови за македонското културно наследство, со вознес и занес создаваше архитектура, пишуваше за неа и за знаменити македонски дејци. Творејќи со страст, низ изложбите и презентациите, во неговите уметнички слики ни доловуваше свет достоен за почит. Тој сакаше на вредноста да и даде значение! Без него не ќе го имавме Галичкиот амфитеатар на сред село онаков каков што го имаме денес. Беше падина со трева пред неговата визија. Без него и други секако добри Галичани не ќе го имавме и музејот на автентично Галичко творештво, историја  и оставштина во склоп на ,,Вила Доста". Без Косте, малку ќе знаевме за Галичките камени портали или за Мијачките дејци, а беше активен и околу работите на селската црква ,,Света Петка" во Долно маало.  Тој беше еден од учесниците, организаторите и режисерите на културната манифестација ,,Галичка свадба", а беше и еден од претседателите на Меснатa заедница Галичник.

Зарем човекот кој напиша и издаде книга со фотодокументација на галичките гробови, во која крајно студиозно ги запиша сите презимиња на галичките фамилии не заслужува поголемо внимание да се посвети на неговото исчезнување? Можеби би требало потрагата кон него да се преиначи во истрага со цел постудиозно да се расветли случајот за него. 

Како плод на неговата професионалност, поетски занес и креативен дух, досега, ги објавил следниве книги и публикации: ,,Основи на градежништвото" (коавтор со Жарко Станоески), ,,Галичник 5000:1", ,,Напластени доживувања и записи", ,,Во спомен", ,,Арсениј од Галичник", ,,Галичник - културна и пејсажна импресија", Галичник - доживувања", Галичник - најнеобична цивилизација на светот", ,,Света Петка заштитничка на Галичник", ,,Галичник во мојот колаж" и ,,Галичките камени портали".

Ја редактирал и уредил книгата ,,Галичник најкосмополитско место на светот" од Луј Адамич, а ги издал и компактните дискови ,,Галичник - скаменета приказна" и ,,Архитектура - пејсаж Галичник - Јанче". Се претставил и со две самостојни изложби: ликовна - ,,Ликовни записи" и изложба на фотографии ,,Убавината на општината Маврово - Ростуше".

Остана недопишана неговата нова книга која ја подготвувал...

Косте, толку многу заслужи, го сакаше човекот, ги почитуваше луѓето, се молиме за него, би сакале  таму некаде да е сѐ уште жив и да добиеме вест за него.

Од сѐ срце го молиме Бога да го чува ако е сѐ уште жив, сите  добри луѓе ги замолуваме да се помолат за него, а кон надлежните упатуваме апел да не го стават во заборав случајот и да не го затворат, сѐ дури не се најде некоја вест за него.

Косте ја заслужува нашата најголема љубов бидејќи постојано се даваше за најблиските, за фамилијата, за родот, за Галичник, Мијачијата, за Македонија и светот, и како што самиот испиша во еден предговор, пишуваше за сѐ она што: ... ,,го надминува значењето на националните и на фолклорните рамки". Со еден збор, даде допринос во ризницата на светското културно наследство и творештво.

http://www.mn.mk/kultura/8781-Makedonska-narodna-arhitektura

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.