Четврток, 25 Јануари 2024    PDF Печати Е-пошта
ОМД против поставување на Талат Џафери за Технички Премиер на Македонија

Обединетата Македонска Дијаспора (ОМД) со жалење ја проследува недемократската политичка рокада во Владата на Република Македонија, особено назначувањето на Талат Џафери како нов премиер на земјата. Неизбран од народот, член на партија која е најконтроверзна во Собранието и човек кој кренал оружје против сопствената држава. Ова дефинитивно не e лидерот кој треба да ја застапува Македонија.

Командант Форина, како што бил познат во неговите војнички денови, е дезертер од армијата на Република Македонија. Тој е поранешен член на терористичката ОНА, кој наредувал погубување на македонски мажи, жени и деца, кој пукал против својата држава, кој се борел таа земја да ја нема. Тој човек од утре ќе биде првиот премиер Албанец во Македонија. 

ОМД смета дека именувањето на Џафери за премиер остава траен, црн белег за албанската заедница. Во Македонија живеат многу образовани и професионални изградени македонски албанци кои сметаме дека професионално би можеле да ја извршуваат оваа функција, некои кои веќе се во Владата. Наместо да им се даде можност на нив, се валка самата функција на премиер со назначување на човек со анти-државно минато. 

ОМД ги повикува чинителите на политичките партии во Македонија да престанат со оцрнување и понижување на македонскиот народ. Иако ОМД е против неуставниот концепт на техничка влада, го прифаќаме како неминовно зло до неговото укинување само под еден услов: избраните раководители, посебно премиерот, да се неизвалкани кадри кои ќе работат за доброто на земјата. Џафери, како поранешен паравоен командант, не е достоен за таа функција и неговиот избор треба да се преиспита што е можно побрзо, за доброто на сите граѓани.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.