|
||||
Муцунски: Принципот победник со победник го наруши ДУИ и тој не важи повеќе |
Муцунски: Принципот победник со победник го наруши ДУИ и тој не важи повеќе, посакуван коалициски партнер на ВМРО-ДПМНЕ се партиите од албанската опозиција Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Тимчо Муцунски за дневникот на Сител истакна дека принципот победник со победник не важи за ВМРО-ДПМНЕ затоа што истиот е веќе нарушен од трана на ДУИ во 2016 година, како и дека посакуван коалициски партнер се партиите од албанската опозиција, а целта на ВМРО-ДПМНЕ е да се стигне до 61 пратеник и повеќе. Муцунски посочи дека и анкетите покажуваат дека партиите од албанскиот опозициски блок се доближуваат до ДУИ, а може и да го надминат. Принципот победник со победник беше нарушен од страна на ДУИ в 2016 година, што значи дека истиот веќе не треба да се применува. Наш посакуван партнер и тоа јавно го кажуваме е коалицијата од албанската опозиција. Анкетите на јавното мислење и тие анкети кои внатрешно ги гледаме и тие кои се објавуваат покажуваат дека веќе навистина со рејтинг се доближуваат, а можеби и ќе го надминат ДУИ, но на граѓаните е да одлучат каков ќе биде резултатот, изјави Муцунски. Муцунски нагласи дека за ВМРО-ДПМНЕ е клучно да се стигне до бројката 61 и потоа да се надмине таа бројка. |