|
||||
Денес 14 февруар во Зубовце ќе се одбележи обредното закројување на лозјата во чест на Св.Трифун |
14 февруар (Сред) во 10.00 ч кај Крстот во Зубовце, 11.00 во главната Црква „Св. Огнена Марина“ Свети Трифун во Зубовце се слави и како именден, во куќи каде што има крстено со име Трифун,Трифе... Во чест на Св.Трифун заштитникот на лозјата и градините, како и секогаш така и годинава во присуство на свештеник и молитва, најпрво ќе се закројат лозите, а потоа во главната Црква „Света Огнена Марина“ со надалеку познатите зубовски колбаси, црвеното вино и ракија, како главни белези на овој ден, верниците ќе го прослават Св.Трифун со верба дека и годинава ќе ги заштити плодните ниви кои ќе дадат богат и квалитетен род. Карактеристично за закројувањето на зубовските лози во минатото е тоа што, додека оделе да ги закројуваат виновите лози, со себе секој си носел ракија, домашно вино, пржени Зубовски колбаси со сушени пиперки и јајца, откога ќе ги закроеле лозјата секој во своето лозје јадел а потоа се собирале во групи и продолжувале со пиење. Зубовчани, скоро редовно знаеле да се напијат “машки“ за овој празник. Двајцата кумови кои беа избрани мината година (Нашиот покоен брат Слободан Мане Атанасовски од Скопско Драчево, во негова чест ќе присуствуваат негови другари и пријатели) и Орце Николоски од Зубовце, ќе го предадат кумството на други двајца кумови за идната година. Еден од кумовите што ќе биде избран ќе биде зубовчанец, а другиот кум ќе биде еден од гостите кои ќе присуствуваат на овој ден во Зубовце. „Свети Трифун“ во Зубовце ќе се прослави и со цел да не се заборават корените, да не се заборават вековните обичаи и традицијата, желбата за дружба и добра иднина на Македонија, која во Зубовце е останата како аманет од старите генерации. |