Понеделник, 12 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните исправи

1vmro 4

Поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски, денеска престанува важноста на личните документи, а Спасовски пред заминување не обезбедил обрасци

Владата на СДС и Димитар Ковачевски свесно создадоа хаос со промена на патните  исправи.

Првото понижување владата на СДС и Ковачевски го направи со промена на уставното име. Потоа, со промената на личните документи, а сега и со тоа што Република Грција го информира светот дека патните исправи на граѓаните од Македонија од 12 февруари се неважечки.

Грција буквално слави победа над Македонија, а Ковачевски збор не изустува.

Каде е сега Ковачевски да зборува за проевропски вредности и принципи?

Ова ли е таа проевропска вредност? Па во која друга земја од Европската унија се случува ова кое што се случува во Македонија и тоа само поради попустливите политики на владата на СДС и Ковачевски?

Владата на СДС и Ковачевски ја понижија државата и граѓаните каде стигнат.

Ова ли е проевропска вредност, да ги малтретираш сопствените граѓани да си ги менуваат патните исправи и да им создаваш дополнителни трошоци?

Дополнително, вина за ваквата состојба има и тогашниот министер за внатрешни работи Оливер Спасовски кој свесно ја остава МВР без обрасци, за народот да се револтира.

Кога ВМРО-ДПМНЕ информираше дека недостасуваат обрасци, Спасовски и Ковачевски не обвинува дека манипулираме со јавноста, за денеска да се испостави дека единствени што лажат и манипулираат се токму тие од СДС.

Мора да се стави на овој хаос.

Колку побрзо заминат СДС и ДУИ, толку подобро.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.