Понеделник, 26 Февруари 2024    PDF Печати Е-пошта
СДС и ДУИ го создадоа проблемот со пасошите

1vmro5a

СДС и ДУИ го создадоа проблемот со пасошите, наместо да прават театар со пречек на обрасци, да покажат доблест и да гласаат за продолжување на важноста

СДС се единствената партија која е горда и се фали со хаосот кој самата го направила. Само тие може да глумат дека се во ред, во ситуација кога над 600.000 граѓани се како во домашен притвор и не може да излезат надвор од државата, а уште стотици илјади не може да влезат и загрозен им е престојот во странство.

И наместо како виновни за овој проблем СДС и ДУИ да земат и да им излезат во пресрет на граѓаните, тие од целата ситуација дополнително прават театар.

Па така, откако од нив видовме како играат чочеци во тунел кој друг го изградил, а потоа видовме и свечен пречек на пакет вакцини со цел владин врв, сега гледаме пречек на обрасци за пасоши. Без срам и перде СДС и ДУИ го испратија Бојмацалиев да прави помпа од пречек на обрасци кои требаше да ги има месеци порано и се далеку од потребната бројка.

Фактите се дека, проблемот го создадоа СДС и ДУИ. Токму и тие беа оние кои на граѓаните им издаваа патни исправи чија важност знаеја дека ќе истече пред времето на кое се издадени и ставаа во заблуда граѓаните.

Понатаму токму власта на СДС и ДУИ ги лажеше граѓаните дека навремено ќе може да извадат документи иако знаеја дека тоа е невозможно и за истото беа предупредувани од ВМРО-ДПМНЕ уште пред една година, а да не заборавиме ги лажеа и дека нема да подлежат на дополнителни трошоци.

Воедно,  власта на СДС и ДУИ и тогашниот министер Спасовски чиј шеф на кабинет беше Бојмацалиев, намерно создале дополнителен хаос со тоа што набавка од 400.000 пасоши неколкукратно ја намалиле на десетици илјади на само два месеци пред пасошите да престанат да важат според датумот кој тие го определија.

На граѓаните заради неодговорната власт на СДС и ДУИ им е ускратено човеково право на слобода на движење, а СДС и ДУИ имаат шанса конечно во 7 години да соберат доблест и да им помогнат на сопствените граѓани.

Се што треба е да гласат за измена на законот со цел продолжување важноста на пасошите и со тоа да се ублажи проблемот кои самите го предизвикаа.

Никогаш не било полошо. Затоа важно е да ги поразиме.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.