|
||||
Николоски: Компаниите да внимаваат кога потпишуваат договори со Електрани на Македонија и со оваа влада на заминување, сите набавки ќе бидат предмет на истрага |
Потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Александар Николоски одговарајќи на новинарско прашање во однос на набавката на возила за Електрани на Македонија во вредност од милион ипол евра истакна дека се работи за огромен криминал и посочи компаниите да бидат внимателни во каков криминал влегуваат со Електрани на Македонија и со оваа влада на заминување. „Гледате дека се работи за огромен криминал, ни помалку ниту повеќе сега решиле ако не се лажам 60-тина возила да набавуваат во вредност од милион и пол евра што говори дека се работи за едно безочно крадење на одење и да посочам дека одговорност ќе има. Исто така да ги посоветувам оние од кои што се набавуваат возилата, два пати да отворат очи пред да ги доставуваат возилата во Електрани на Македонија и пред да потпишуваат договори затоа што истрагите ќе се сеопфатни и ќе ги опфаќаат сите кои што се дел од тоа, а тоа ги вклучува секако и компаниите кои што влегуваат во ваков криминал со Електрани на Македонија, така што овој криминал треба да се испита а компаниите да бидат внимателни во каков криминал влегуваат со Електрани на Македонија и со оваа влада на заминување“, нагласи Николоски. |