|
||||
За прв пат во историјата на самостојна Македонија, ЖЕНА ќе биде Претседателка на Македонија |
Професорката Гордана Силјановска Давкова ги има сите адути да биде идната мајка на нацијата.
Над 27 илјади граѓани, својот потпис го ставија позади кандидатот за Претседател на Република Македонија Гордана Силјановска Давкова.
Условот од 10 илјади потписи е надминат.
Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина!
Македонскиот народ на 24 април и 8 мај мора да се мобилизира да ја даде целата своја поддршка на професорката Гордана Силјановска Давкова, која ќе ги штити македонските национални интереси. Со нејзината победа таа ќе ја врати правдата и стабилноста во земјата. Затоа е потребно народот масовно да излезе на овие претседателски и парламентарни избори и да гласа за Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Тие со своето гласање треба да ја делегитимираат авторитарната власт на СДС и ДУИ. Овој пат мнозинството кои власта ги разочара, треба масовно да излезат и да и дадат поддршка на ВМРО-ДПМНЕ и професорката Гордана Силјановска Дафкова идната мајка на нацијата. Ова е сериозен патоказ дека народот бара промени и дека доаѓа крај на понижувањата, одземеното достоинство и време кога Македонија ќе стане горда држава каде има надеж и иднина! На Конвенцијата за избор на кандидат на ВМРО-ДПМНЕ за идна Претседателка на Македонија што се одржа на 2 март 2024 г. идната претседателка на Македонија, Гордана Силјановска Давкова изјави: Секој може да си го смени стилот на живеење, може да промени многу нешто, но никогаш не може да си ја промени татковината. „Македонска нација“ апелира до сите кои си ја сакаат нашата татковина Македонија, сплотени како никогаш до сега, да излезат на гласање и да дадат поддршка на Гордана Силјановска Давкова која ќе ги штити македонските национални интереси. На 24 април и 8 мај да гласаме за професорката Гордана Силјановска Давкова и ВМРО-ДПМНЕ. Вечна да е Република Македонија! АМИН! Македонска нација |