Четврток, 07 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
За Денот на жените - цвеќето, љубовта, татковината со МАРИЈА ЕМИЛИЈА КУКУБАЈСКА

1eng5(времеплов: Лос Ангелес, Скопје, Штип)

1.  За 8-ми Март, 1984: портрет на Марија Кукубајска, графика од Јулијана Поповска, сликар, сопруга на академик Радован Павловски, ќерка на градоначалникот на Скопје, Владо Поповски.

2. За Денот на жените, орхидеите и љубовта, Century Art Gallery, Los Angeles/Westminster, California, USA, 1992. Фото: Марија Кукубајска

Празниците на народите и културите се славење на различните идентитети, со иста цел; оддавање признание на колективната мудрост и личниот гениј, заедничкиот и индивидуален развој и успех. Овој кус извадок на настани од САД и Македонија го сметам за мал потсетник на една жена за нејзината голема љубов кон татковината, нејзината Македонија, за духовната и интелектуална борба на жената - да гради и негува здрави општества, да ја слави божествената радост да се биде мајка, родител, носител на мир и слобода. Тие суштини ја обединуваат светоста на животот и убавината на жената. Изразувам благодарност до сите што ме инспирирале да го славам со моја поезија меѓународниот празник на жената во културни настани и надвор од Македонија: од Кинеската нова година, Pacific Asia Museum во Пасадена, до Денот на орхидеите Vietnamese Tet Art Exhibit & Orchid Show. Century Art Gallery/Vietnamese Cultural Center, Westminster, California, 1992, со сенаторот на Калифорнија, Ed Royce, со симфонијата Патот на свилата од најголемиот виетнамско-француски етномузиколог и композитор Pham Duy, со генијалните слики на Тодор Кукубајски, Gallery Kubaiski, Century City, California. Pham Dui ме инспирираше да напишам: „Жената не е силна кога има слобода да крши машини, или машки срца, да руши општества и фамилии, но кога гради мир, брани слобода, сади моќна љубов, нежно цвеќе, музика за срцето“. Мојата љубов кон татковината, Македонија, далеку од Америка, кореспондира и со патриотизмот на Viet Ngyen, мој соработник на проектот Арт-По, Уметност и поезија, и повеќе академските настапи, како Smithsonian Institution – Indochina Arts Project, Washington/Irvine.“

1eng55

Напис во Nguoi Viet, за виетнамско-американскиот и македонски музичко-поетски и сликарски настан: Ден на цвеќето, пролетта и жената. Поетесата Кукубајска со композиторот Фам Дуи.

Македонија во мене Македонката - поезија од Марија Кукубајска, слики, Виет Нгуен, Американец од Виетнам „Јужна земја и бесконечна светлина. Претстава: Pacific Asiа Museum, Pasadena, 1993

Марија Кукубајска, поетски настап по повод 8-ми Март, 1974. Поетско музичка вечер. Песни: Манифест на космичката девица и За умствен престол на чувствата. (од најновиот ракопис Јаглен и Дијамант), со поетите Бошњаковска Гордана Михаилова, Јоциќ-Христова Светлана, Миркуловска Бистрица, Тодоровска Душица, Трифуновска Радмила, Шуплинова Евгенија, Арбуљевска Олга, Андеевски Петре, Бошковски Петар, Гајтани Адем, Котевски Јован. Центар за култура и информации на град Скопје. Културен Живот, стр. 38, XX, 2-3, Скопје, 1975

8-ми Март, 1975, Свечена седница за Собрание на Општина Штип. Марија Кукубајскачита делови од ракописот на својот детско-младинскиот роман „Вита“ напишан 1967, за Вита Поп Јорданова.

По повод Меѓународниот ден на жената, Марија Кукубајска, Фулбрајтов стипендист на магистерски студии, California State University Chico, претставува своја поезија за македонската жена и културолошката и образовна борба за еманципација на вредностите. 4. март, 1976.Универзитетски билтен, 1. mарт, бр. 21, III.

1eng555

 

Марија Кукубајска чита своја поезија за жената и љубовта кон татковината, со превод од македонски јазик и коментар. Радио емисија по повод 8. Март, Radio KCHO program – Voices, University Bulletin, California State University Chico, California, vol. 3, no. 21, March 1, 1976

San Jose State University, California, Inter-American Women Writers Conference - Импресии од конференцијата и своја поезија од книгите “Timelessness and Undiscovery” and “Carbon and Diamond”. Марија Кукубајска гостува со читањесвоја поезија на македонски и англиски јазик и со избор песни од југословенски поетеси, дел од истражувањето презентирано на конференцијата.

Објавено во California State University Chico, Students Union, Bell room 222. Press release: Poetess, Enterprise Record, Chico, Calif., March 23, page 2A, 1976.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.