|
||||
Апел до нашите браќа и сестри во Дијаспора! |
Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ Денес на македонскиот народ му е потребна иста таква поддршка од својата дијаспора каква што ја доби во деведесеттите години кога Македонија се осамостои и кога ги правеше првите чекори како самостојна и независна држава на меѓународната сцена. Ова е време кога македонската дијаспора треба да тргне по стапките на своите претци. Токму сега е вистинскиот момент кога нашите браќа и сестри треба да го дадат својот допринос за Македонија. Затоа, Браќа и сестри МАКЕДОНЦИ, сите Вие со вера во Бога, кои деведесетите години ги полневте плоштадите во Австралија, Америка, Канада, Европа и Македонија, за подршка на Македонија во својата борба за самостојност, ве повикуваме да не ги заборавиме делата на оние пред НАС! - Света должност на секој Македонец е да ја чува својата татковина, зошто немаме резервна! - Света должност на секој Македонец е да се грижи Македонија да не исчезне од картата на светот! - Света должност на секој Македонец е да се грижи за македонскиот народ како дома така и во дијаспората! - Света должност е да се чува аманетот на нашите претци! - Да си Мекедонец значи да си ВМРО, значи силно во себе да го чувствуваш историскиот код содржан во тие четири букви! - Четирите свети букви на ВМРО како ангел чувар светат над македонскиот народ!
|