Вторник, 19 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите

2mb9

Мисајловски: Очекувам голема победа на изборите, од оваа власт видовме само кризи и скандали без одговорност, на народот му требаат надеж и промени

Очекувам голема победа на изборите во Изборната единица 2 и не само таму туку и во сите изборни единици, ќе биде историска победа. Дали е Оливер Спасовски носител или Лукаревска, сите на купче ќе ги победиме. Гледаме дека нема што да понудат, државата ја донесоа во криза на секаков план, дали економија, судство, здравство, еве и во МВР гледаме, скандал до скандал. Оливер Спасовски го остави МВР без координација за пасоши, остави заробена држава и треба да има одговорност, изјави за Анализа на ТВ24 потпретседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Владо Мисајловски.

Во однос на тоа каква кампања ќе се води Мисисајловски истакна дека додека гледаме како СДС тера негативна кампања и почна со навреди, ВМРО-ДПМНЕ ќе води позитивна кампања и ќе покаже дека може поинаку.

- Ние ќе покажеме со народот дека може позитивно, ќе пробаме да донесеме надеж. Тие ветуваа живот, донесоа црнила, на народот му требаат надеж и промени и да видат дека Македонија е нивна и тоа мора да го направиме, изјави Мисајловски.

Во однос на проблемот со Бугарија, Мисајловски нагласи дека СДС немаат проблем што било да дадат, ВМРО-ДПМНЕ оди со поинаков пристап да се седне да се разговара за Македонија и македонскиот народ да добијат нешто.

- Дававме претходно решенија, но сето тоа беше одбиено од СДСМ. Треба да седнеме да разговараме. Видовте што се случи за Украина за да се усвои, излезе една членка надвор за да се усвои, за Македонија имаме историски најчуден договор каде се бараат отстапки за нешто што можеби ќе го добиеме, тоа е бугарски диктат.  Зошто Бугарија на пример не прифати пресуди од Судот за човекови права и сега збориме за еднаквост? Ние ќе дадеме се од себе и ќе бидеме искрени пред целиот народ, додека Македонија и македонскиот народ не добијат нешто, рече Мисајловски.

Запрашан за црната листа на САД, тој истакна дека гледаме лица од власта или поврзувани со власта и тоа е затоа што правосудството во Македонија има најнизок рејтинг, а криминалот и корупцијата се највисоки и ако ги прашате граѓаните што е најцрно че речат дека е тоа.

- Граѓаните немаат доверба и скандалите немаат завршница.  Изминативе години гледаме дека луѓе од власта се појавуваат на црна листа на САД. Овие забелешки и реакции од САД се поради тоа шти не функционираат институциите, ние може да имаме и најдобри закони но дали функционираат. Дали за сите овие скандали изминативе години има постапки? Еве со издавањето на пасоши, верувате дека неколку службеници во подолни ешалони се одговорни да се издадат пасоши на белосветски бандити? Имаме случај за модуларни болници, за Онкологија, немаме ништо, се развлекува за да нема одговорност, изјави Мисајловски.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.