Среда, 27 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
ВЛАСТА ГО ЗАБОРАВИ ГРАНИЧНИОТ ПРЕМИН „МАРКОВА НОГА“ ВО ДОЛНА ПРЕСПА

1brk6

Во Долна Преспа до убавото село Долно Дупени се наоѓа границата меѓу Република Македонија и јужниот сосед, како и планираниот граничен премин „Маркова Нога“, кој, за жал, остана само пуста желба ветена од актуелната влада на македонскиот народ од двете страни на границата. Со тоа остана месноста „Маркова Нога“ да биде најјужната „слепа“ точка на денешната територија на Република Македонија.

Преминот се планираше и на големо се ветуваше од страна на актруелната влада да се изгради во убавиот предел на Преспанското Езеро, каде има викенд куќи кои гледаат кон егејскиот дел на Македонија и Мала Преспа. До планираниот граничен премин, на брегот на Езерото се наоѓа убавиот летен камп „Дупени бич“, еден од поубавите кампови во Преспа. Меѓутоа, тоа е местото каде рампата е спуштена над половина век.

За жал, на жителите на Преспа не им остана друго, туку да чекаат да се отвори ветениот граничен премин „Маркова Нога“ кај Долно Дупени по промена на власта, со што ќе им се овозможи да патуваат во македонските села Раби, Герман, Папли, Нивици и други села кои се наоѓаат на само неколку километри, а сега за истите треба да вртат и над 100 километри, преку Битола.

Обеќаното од сеуште актуелната влада остана пуста желба.

Ништо не се случи со овој граничен премин да биде отворен до 2023 година, како што беше најавено пред четири години од Владата на СДСМ. Уште во 2018 година, по потпишување на „добрососедскиот“ еднонасочен Преспански договор во Нивици, Владата објави дека започнува процедура за изградба на инфраструктурата на „Маркова Нога“.

Инаку, овој граничен премин беше затворен во 1967 година, по што Македонија во повеќе наврати бараше повторно отворање на границата, а идејата се реафирмираше со Преспанскиот договор, во делот за економска соработка, каде е предвидено модернизирање на постоечките и отворање на нов граничен премин за да се поттикне туристичката и трговската размена.

Жителите на испразнетите преспански села изгубија надеж дека преминот ќе се отвори и ќе ја заживее Преспа.

Актуелната Власт се пофали дека за изградба на  граничниот премин кај „Маркова Нога“ во Долна Преспа се обезбедени 4,5 милиони евра, со цел да се подобрат комуникацијата и економијата помеѓу пограничните региони на нашата земја и јужниот сосед.

Од 2018 па наваму се калкулираше со термини, те за две, те за три години. Но, поминаа пет години, а сеуште не се дигна рампата на „Маркова Нога

1brk66

Остаток од црквата „Свети Ахил во Долна Преспа

Инаку, потписниците на Преспанскиот договор  изјавуваа дека отварањето на граничниот премин „Маркова Нога“ е нивна обврска кон сегашноста и иднината, дека тоа беше вистинското и крајно време да ја срушат неприродната блокада на природниот тек на брегот на Преспанското езеро. Притоа, очекуваа дека во најбрз можен рок ќе се завршат неопходните инфрастурктурни интервенции и дека многу скоро ќе се најдат челниците на актуелната власт таму на официјалното отворање на преминот што ги поврзува двете страни на Преспа.

Тие веруваа дека пред нив се прави Преспа како плодна почва за раст и развој на нивниот европски Балкан, мегдан за спојување на различните и блиските култури и пркос кон оние кои во 21 век се уште се водени од омразата наместо од мирољубието.

Претставниците на власта ветуваа дека многу скоро ќе имаат можност да се возат заедно по падините на преубавата Баба Планина и брегот на Преспанското Езеро и како македонски и грчки авто-мото спортисти, ќе посетат и ќе се поврзат со албанските пријатели на третата страна од Преспа.

Сето тоа беше поетски кажано, но само во одбрана по потпишувањето на договорот од Нивици. Затоа, на нас од Долна Преспа не ни останува ништо друго освен да  се надеваме дека идната влада, овој проект за отворањето на граничниот премин „Маркова Нога“ нема да биде пуста желба, туку во блиска иднина ќе биде стварност која ќе помогне овој убав преспански крај да ја поврати својата поубава, попривлечна и посреќна иднина.

СЛАВЕ КАТИН

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.