Недела, 31 Март 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски: Визијата „Македонија твоја“ е Македонија со реформи, конкретни проекти и многу работа

8hmb8

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на денешната промоција на кандидати за пратеници на ВМРО-ДПМНЕ и Коалицијата „Твоја Македонија“ за парламентарните избори 2024 истакна дека државата е во хаос а ВМРО-ДПМНЕ ветува конкретни проекти, работа и надеж за сите граѓани на Македонија.

„Државата е во хаос, институциите се парализирани, апатија и разочараност се чувствува насекаде. Изгубена е довербата во политичарите, бидејќи народната волја е многупати изигрувана. Ништо не функционира. Македонија е одземена од рацете на граѓаните, а граѓаните со право се скептични дали може да се промени тоа. СДСМ е сведена на измеќар и соучесник во сите скандали, се срамиме од нивните недостоинствени настапи низ светот, иднината и подобриот живот се далечен сон, прогласени сме за најсиромашна држава во Европа, додека државата е на врвот по сите ранг-листи на корупција, извештаите од Европската Унија се историски катастрофални, тие  ветуваа отворена Европа, но испорачаа затворена држава во која граѓаните немаат начин како да отпатуваат надвор од Македонија“, нагласи Мицкоски.

Мицкоси рече дека овие избори се последната шанса за Македонија.

„Ова не е Македонија што ја сакаш и ја заслужуваш. Овие избори се последна шанса за спас! Шанса во која можеш да веруваш, избор во кој мора да учествуваш! Македонија ти е едноставно одземена. Но, промените се можни и се на дофат. Ние ветуваме итен почеток на конкретни проекти, кои ќе ја обликуваат и значително ќе ја подобрат нашата заедничка реалност, обновувајќи ја надежта и обезбедувајќи ја иднината на државата која повторно е во твоите раце. Силата на промените е во твоите раце. Деновите кога неколкумина ја киднапираа државата мора да завршат“, кажа Мицкоски.

Мицкоски додаде дека визијата „Македонија твоја“  е Македонија во која има ред, систем, реформи и работа.

„Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите. На овие избори претставуваме светилник на надежта, сериозна, најдобра изборна програма досега, која ја Визијата „Македонија повторно твоја“ е Македонија во која веруваш, и која ја сакаш и ја заслужуваш. Македонија на успеси, Македонија за која навиваш и со која се гордееш. Македонија на реформи, проекти, на работа, Македонија во која има ред, систем, поголеми плати и пензии, работа за сите“, кажа Мицкоски.

Мицкоски кажа дека платформата 1198 ќе ја преобликува иднината на сите граѓани во Македонија.

„На овие избори претставуваме светилник на надежта, сериозна, најдобра изборна програма досега, која ја нарековме „Платформа 1198“. Конкретни проекти политики што ќе ја обноват и ќе ја преобликуваат вашата иднина, но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е печатот на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија засекогаш ќе бидат на прво место. но и кои ќе утврдат јасна траекторија за нашите граѓани. Од здравство до образование, од економија до земјоделство, од инфраструктура до вработувања, правда, еднаквост, закон и ред. Нашата „Платформа 1198“ е печатот на позитивна промена, која допира до суштината на твоето секојдневие и те става тебе на прво место. Тоа е нашата заклетва дека граѓаните на Македонија засекогаш ќе бидат на прво место“, посочи Мицкоски.

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.