Понеделник, 08 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
СДС и ДУИ 7 години ги пљачкаат и понижуваат граѓаните,

3kove3

Ковачки: Време е државата да ја вратиме кај народот, глас за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова е глас за промена и горда Македонија

Ова е почеток на крајот, крај на сите погрешни политики на Димитар Ковачевски, Зоран Заев и Стево Пендаровски. Почнуваме заедно, сплотени да им ставиме крај на неспособноста, на криминалот, распродажбата на Македонија и осиромашувањето на народот. Крај на предавствата кои ни ги приредуваа 7 години, изјави носителот на третата изборна единица од ВМРО-ДПМНЕ и коалицијата Твоја Македонија, Драган Ковачки на митингот во Кочани.

Ковачки истакна дека  ова го чекавме 7 години и  сега е моментот да ја завршиме нашата работа и обврска и да си ја вратиме изгубената држава назад во рацете на граѓаните.

- Криминални скандали и афери, милионски тендери и распродажба на државните интереси, наведнување глава и прифаќање на ултиматуми штетни за овој народ и за Македонија. Време е да се стави крај на ваквото понижување и дивеење на ДУИ со Република Македонија. Порази, неправди, понижени, омаловажени, мрак, беда, сиромаштија, хаос, партизирани институции, девалвиран систем, непотизам, нерасчистени убиства, мафијашки пресметки, исплашени и небезбедни граѓани, крах на економијата, корумпирано здравство, уништено образование, тоа е сликата за денешна Македонија, рече Ковачки.

Ковачки потенцира дека граѓаните денеска после 7 години од СДС и, Заев и Ковачевски, живеат полошо од било кога, потонати во сиромаштија, а на сметка на тоа имаме функционери кои го окрупнуваат сопственото богатство.

Затоа тој нагласи дека им доаѓа крајот, но за тоа е потребна  победа на 14 април за Силјановска Давкова, а потоа верификација на победата на 8 мај  и победа на ВМРО-ДПМНЕ.

Нагласи дека победата на ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давквоа  е важна затоа што СДС и ДУИ, 7 години ја понижуваат Македонија и македонскиот граѓанин

- 7 години ја пљачкате државата, 7 години ги распродавате националните и државни интереси на Македонија. Епа, доста е, време е за промени, за подобро утре за граѓаните на Македонија. Пендаровски беше аналитичар, а граѓаните ги навредуваше и свесно го продаде македонизмот со изјавата дека Гоце Делчев е Бугарин, тотално неодговорен, рече Ковачки.

Ковачки истакна дека потребен е рестарт на системот и затоа мораме да победиме, убедливо.

Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ и Силјановска Давкова е глас за горда Македонија, твоја Македонија, за сплотена и обединета, за исправена Македонија. Секој глас за ВМРО-ДПМНЕ е глас за промена, изјави Ковачки

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.