Вторник, 23 Април 2024    PDF Печати Е-пошта
Мицкоски ги повика и членовите на СДСМ: Заокружете број 2 да се обединиме за историска победа

Valandovo 23.4 1

Убеден сум дека на изборите на 8 мај ќе имаме голема победа, победа која ќе најави друга победа, а тоа е победата тука во Валандово на локалните во 2025 година. Сите да се обединиме околу промените што следат и да ја направиме Македонија горда и Македонија твоја, рече претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Христијан Мицкоски на вечерашниот митинг во Валандово.

Мицкоски упати како што рече неколку пораки важни за  иднината на граѓаните и за државата.

„Овие на 8 мај не се избори во кои имаме трета, четврта, петта опција, тоа се избори помеѓу актуелната влада на неколкумина од ДУИ поддржани од измеќарите од СДСМ. Денес СДСМ се претворија во измеќари и општински организации на ДУИ предводена од Ахмети, Груби, Османи, Џафери“, кажа Мицкоски.

Мицкоски укажа дека втората опција е ВМРО-ДПМНЕ и народот.

„Ние од ВМРО-ДПМНЕ  и народот, заедно со народот, не велам дека секогаш сме биле идеални, но никогаш не направиле стратешки грешки како што правеше било која влада на СДСМ“, рече Мицкоски.

Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ, Мицкоски упати порака и до членовите на СДСМ.

„Вие не сте тие кои верувате во она во што се претвори СДСМ, вие не верувате во нивниот измеќарлук. Убеден сум дека не верувате во перформансите на Ковачевски, затоа ве повикуваме ние од ВМРО-ДПМНЕ на национално обединување. Заокружете го број 2, за национално единство да извојуваме победа. Потоа може да продолжиме со нашите програмски разлики. Но, сега ова национално обединување е императив“, порача Мицкоски.

Valandovo 23.4 11

 

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.