|
||||
Јубилеен 1000-ти број на Порталот Македонска нација |
Зошто порталот „Македонска нација“ во 2009-2024 година? “Македонска нација“ не е орган на политичка партија, друштво, или организација, туку е широка национална трибуна, во која може да соработува секој оној Македонец и Македонка, кој сака да работи за доброто и среќата на својата нација. На македонската национална кауза може да и служи секој чесен Македонец без разлика на неговите филозофски погледи, идеолошки убедувања или партиска припадност“. Ќе напише во својот уводник уредникот Драган Богдановски на “Македонска нација“ во далечната 1971 годината кога за прв пат светлото на денот го виде весникот “Македонска нација“. Весникот, во кој ќе можеа да прочитаат за себе, за својата татковина, за своите најблиски. Но, и весникот, чија главна улога беше да се зборува за она што беше забранeто. Да се зборува за вистината на Македонците, за вистината на Македонија, за вистината, која се сокриваше. За вистината на религијата, историјата, за националната припадност ... за нас Македонците, протерани, замолчени, измачени и убивани. За вистината на Македонија, за нејзината независност, за улогата на странските држави, за улогата на соседите. За се што придонесе да се јави гласот на освестените Македонци. Македонците кои си ја сакаат својата држава, своето парче земја, својот јазик и својот идентитет. Зошто порталот “Македонска нација“ од 2009-2024 година и одбјавени илјатници текстови во повеќе рубрики? Ќе речете, премногу сличности за период од над педесет години!? Дефинитивно е така, и тоа е факт! Но, факт е и дека стремежот на Македонците никогаш не умира, не запира! Тој живее во секој од нас. Живее и во овие турбуленти времиња, кога еве повторно некој се обидува да ни го одземе нашето достоинство. Нашата мисла водилка, што ја негуваме години наназад. Да ни го одземе правото на свое размислување и определување. Велат, годинити се менуваат но, болките остануваат. И тоа е точно. Сега во времето на демократијата во Европа ние повторно се соочуваме со истите, само модифицирани бoлки. Повторно некој сака да каже дека сме нешто друго. Повторно некој сака да ни го одземе чуството на среќа. Повторно некој сака да ја менува историјата, да ги занемарува фактите, да ги извртува нештата. Ние знаеме дека сме Македонци. Ние знаеме дека не можеме да бидеме ништо друго. Ништо освен Македонци. Големи или мали, како сакате! Ете затоа повторно “Македонска нација“.
Овој пат многу послободен за да може да зборува за себе, за вистината, за Македонија. Да ги истражи и објави сите неправди, сите злодела што со години наназaд ни биле направени, а при тоа никој не сакал да ги слушне. Да ги објави вистините за Македонија, па колку и да се тие болни за некого. Да се чуе гласот на секој Македонец, овде во нашава татковина, но и надвор во Дијаспората, Пиринска, Егејска Македонија и Македонците во Албанија. Тоа им го нуди нашиот портал. Порталот “Македонска нација“ е местото, каде се објавуваат вистините за нашата држава. Местото, во кое свое место ќе си најде секој. Затоа што ние разбираме дека живееме во демократија. Впрочем тоа беше и желбата на оние кои го издадоа првиот број на весникот “Македонска нација“. Секој има право на својата вистина. Таа едноставно мора да се чуе, разбере, напише. Ете затоа повторно “Македонска нација“. Ете затоа на 1000 броја порталот “Македоинска нација“. За да нема тајни мисли. За да нема задкулисни игри, на кои ние Македонците од секогаш сме биле жртви. За да нема прогон. За да нема осуда. Затоа што мислата мора да живее. Сонот мора да се реaлизира.Татковината мора да опстои, а ние Македонците мора да се бориме за да не' биде. Тоа е пораката која мора да ја носиме сите во нас, како водилка низ мачнината која повторно ни се случува. Вечна да е “Македонска нација“www.mn.mk. Вечна да е Македонија!
Мане Јаковлески уредник на “Македонска нација“www.mn.mk. |