Вторник, 14 Мај 2024    PDF Печати Е-пошта
Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите

thumbnail copy copy copy copy copy

Попов: Младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми

„Како претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ сум исклучително задоволен што успеавме заедно со сите млади луѓе најпрвин да ја победиме апатијата околу тоа дека воопшто не треба да се учествува во политика и дека политиката е нешто гнасно“, истакна Сергеј Попов, претседател на УМС на ВМРО-ДПМНЕ во емисијата „24 Отворено“ на 24ТВ.

„И затоа младите луѓе во рекорден број масовно излегоа на овие избори. Младите луѓе сепак на овие избори излегоа и гласаа“, заклучи тој.

Попов додаде дека младите луѓе ја препознаа искрената понуда на ВМРО-ДПМНЕ и за нејзе гласаа.

„ВМРО-ДПМНЕ имаше искрена понуда, таа не беше поткрепена на лажни ветувања. ВМРО-ДПМНЕ имаше понуда на она што е реално и она што може да се направи“, нагласи тој.

Тој посочи дека младите можат да бидат на сигурно со ВМРО-ДПМНЕ.

„Кога зборуваме за вклученост на младите луѓе во политика и за новиот парламентарен состав сакам да истакнам дека ние како млади политичари цело време бараме да бидеме што е можно повеќе вклучени во Парламентот, Советите итн. Но, мислам дека е многу поважно кога ќе влеземе таму да покажеме што знаеме“, рече Попов.

„УМС на ВМРО-ДПМНЕ под мое раководство изминатите три години поднесовме над 10-тина амандмани во Собранието на Република Македонија преку нашата пратеничка група за сите прашања релевантни за младите луѓе имавме реакција. Но, најважно од се пробувавме работите да ги решаваме институционално“, потсети тој.

Попов нагласи дека младите пратеници од ВМРО-ДПМНЕ ќе останат да се партнерот на младите, ќе ги решаваат младинските проблеми од реалниот живот кон македонските институции, а во оваа ситуација тоа е македонскиот Парламент. 

 

На прво место

News image

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника

СДС и ДУИ се длабоко во политичкото мочуриште, нервозни, исплашени и во паника поради заштита на к...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.