|
||||
МАНАСТИРСКИОТ КОМПЛЕКС „ПЕЛЕНИЦА“ ВО ДРАЧЕВО ДЕСЕТ ГОДИНИ ПО РЕД ШИРОКО ГИ ОТВОРИ ПОРТИТЕ ЗА УВ |
Традиционална средба на Унија на Ветерани на ВМРО-ДПМНЕ во Манастирот Пеленица во Драчево
Манастирскиот комплес „Пеленица“ е една убава црковно-духовна и природна реткост во атарот на Драчево. Поточно овој комплекс е распространет на ливада на живописен рид над селата Батинци и Драчево, веднаш до патот кој води од Драчево кон Горно Количани и кон повеќе други села во подножјето на планината Китка.
На 25 мај 2024 година во манастирскиот коплекс „Пеленица“,каде се вишнее величествен православен крст се одржа Традиционална годишна средба на Унијата на Ветераните на ВМРО-ДПМНЕ чиј претседател е Мане Јаковлевски.
Тоа беше собир на Ветераните од сите Општински Комитети на ВМРО-ДПМНЕ во Македонија кои ја негуваат традицијата, историјата и идеологијата на ВМРО.
Секако, најзначаен момент на оваа Традиционална средба беше пристигнувањето и присуството на десетгодишниот покровител, Претседателот на ВМРО-ДПМНЕ и иден Премиер на Владата на Македонија Проф.Др. Христијан Мицкоски. Неговата посета, разговори, пријателски снимања со голем број присутни беа дел од убавите спомени.
Завршниот говор на Проф.Др. Христијан Мицковски на Традиционалната средба на Унијата на Ветерани ќе остане во трајно сеќавање на сите посетители, кои во ВМРО-ДПМНЕ ја гледаат иднината, напредокот, вистината и гордоста за Македонија.
Средбата ја организираше Драган Василевски-Србо, член на Претседателството на Унијата на Ветерани и општината Кисела Вода.
Пишува СЛАВЕ КАТИН
|