|
||||
Претседателката на Р. Македонија, Гордана Силјановска Давкова на Конференција за обнова на Украина во Берлин |
Претседателката на Република Македонија, Гордана Силјановска Давкова на Конференција за обнова на Украина што се одржа на 10 јуни 2024 во Берлин-Германија. Претседателката имаше свое обраќање на главниот панел за шефови на држави и влади на кои говореа германскиот канцелар Олаф Шолц, украинскиот претседател Володимир Зеленски и претседателката на Европската Комисија Урсула фон дер Лејен. На Конференцијата присуствуваа и претседателите и премиери од Холандија, Норвешка, Финска, Литванија, Молдавија, Естонија, Босна и Херцеговина, Црна Гора и Грузија. Претседателката Гордана Силјановска Дафкова во Берлин беше дочекака и од претседателот на Централниот совет на Македонците во Германија Роберт Кленкоски со млади македонки во македонска народна носија. За време на престојот во Берлин, Претседателката на Р. Македонија Гордана Силјановска Дафкова го посети Ресторанот „Траторија“, сопственост на Игор и Бети Кирески Македонци по потекло од Гостивар, родители на младата Марија која на матурската забава во Берлин се појави во Македонска народна носија.
|