Четврток, 13 Јуни 2024    PDF Печати Е-пошта
Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле

thumbnail copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy copy

Стојаноска: Власта на СДС со поданичката политика донесе порази на секое поле, народот го увиде тоа и знае дека ВМРО-ДПМНЕ ќе направи разлика во државата

Не случајна беше поддршката која ВМРО-ДПМНЕ ја доби на изборите. Претходната власт на СДС имаше порази на секое поле, да не зборуваме и за економијата, водеа поданичка политика и народот го увиде тоа и затоа владата на ВМРО-ДПМНЕ ќе ја направи разликата.  Очајот на  СДС се гледа и по тоа што ни Конгрес не можеа да одржат, изјави пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ, Дафина Стојаноска за „Анализа„ на ТВ24.

Стојаноска истакна дека одлуките кои ќе ги носи ВМРО-ДПМНЕ нема да бидат избрзани, туку мудро донесени во корист на граѓаните и затоа внимателно се бира кои ќе бидат носители на функции.

Секој кој ќе добие функција ќе биде компетентна личност, личност која нема валкан багаж, која ќе знае да се соочи со тоа што го очекува, да ги обелодени криминалите на претходната власт и ќе знае да менаџира. Најважното е дека ќе се изберат личности кои не треба да грешат, затоа што нема простор за тоа, рече Стојаноска.

Во однос на реорганизацијата на министерствата и институциите, Стојаноска истакна дека СДС не поднесоа ниту еден амандман иако имаа време за тоа, а да се потсетиме дека за по скратена постапка носеа закони кои немаа никаква врска со тоа, а сега скратената постапка беше нужна заради Уставот.

Нови се само две министерства, другото е реорганизација. Тоа значи дека Култура и туризам одат заедно, и така ќе се развива туризмот. Ние во програма имаме укинување на економски директори, укинување на фиктивни функции. Инспекторатите ќе се намалат, колку министерства толку инспекторати, изјави Стојаноска.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.