|
||||
Сајкоски: Програмата на Владата 2024-2028 е реална и остварлива, Македонија конечно ќе зачекори напред |
„Имаме неповторлива шанса да покажеме што можеме да направиме за Македонија, да покажеме дека државата не се сака само со зборови, туку со дела, добри дела кои траат вечно. Верувајте дека народот знаее да го цени тоа и да го награди. Нема да претерам ако речам дека оваа шанса која ви се укажува е можеби последната шанса Македонија да се избави од магичниот круг на транзицијата и да трне по патот кон просперитетот и стандардите кои владеат во Европа. Таа шанса и доверба ви е дадена и нема да ја изневериме. Да, тешко ќе биде. Да, ќе бара од вас , од нас, многу откажувања од конфорот и ќе има работа и не смееме да се откажуваме”, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Ѓорѓија Сајкоски на денешната собраниска седница. Тој продолжи и додаде дека оваа Влада ќе е Влада на реформи и дела. „Програмата на владата 2024-2028 е реална и остварливаа. Ќе придонесеме да направиме нешто плус за благосостојбата на својот народ и среќата за своето семејство, комшии и согаѓани”, рече Сајкоски. Тој истакна дека време е Македонија да зачекори напред „Време е Македонија да зачекори напред, време е да се справиме со криминалот и корупцијата. Време е способните и одговорните да покажаш што умеат и знаат”, посочи Сајкоски. Тој потенцираше дека потребите на граѓаните биле преточени во предизборната програма на ВМРО-ДПМНЕ. „Потребите и барањата на граѓаните беа преточени во предизборна платформа која ја понудивме пред граѓаните и ни се даде добербата оваа платформа ги опфаќа сите барања на граѓаните и се она што треба да го сработиме. Програмата е обемна и за нес ќе разговараме за сите проекти кои се во неа”, дециден е Сајкоски. |