|
||||
Христијан Мицкоски: Борбата против корупцијата и организираниот криминал е главен приоритет на Владата |
Денес имав средба со министерот за внатрешни работи, Панче Тошковски за оваа важна тема. Во недела во која промовиравме нови странски и домашни инвестиции, не забораваме на клучниот сегмент од нашата агенда - борбата против корупцијата. Криминалот е рак рана на нашето општество и една од главните причини за одземањето на државата од народот. Испраќам јасна порака: никој не е над народот, законот и Уставот. Ќе има одговорност за криминалот затоа што ја уништува нашата заедничка иднина. Таа одговорност мора да биде со име и презиме, без оглед на позадината на лицето. Доаѓа време на правда. |