Понеделник, 01 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 8 дена направи повеќе отколку СДСМ за 7 години

1uv20

Владата на ВМРО-ДПМНЕ за 8 дена направи повеќе отколку СДСМ за 7 години

„За 8 дена направивме повеќе отколку тие за 7 години, тоа е јасно видливо и транспарентно. Сакаме да се соочиме со фактите и конечно добивме шанса да ја водиме оваа држава и да покажеме зошто треба да бидеме различни. Не чека многу работа и ќе биде подобро за сите што живеат во нашата држава“, истакна пратеникот од ВМРО-ДПМНЕ Бојан Стојаноски во вечерашното гостување на емисијата „За или Против“ на ТВ Алфа.

Тој во однос на внатрепартиските избори во СДСМ продолжи и додаде:

„Ние имаме еден принципиелен став да не се мешаме во внатрепартиските работи на другите партии бидејќи не сакаме да го правиме на другите тоа што ни го правеа на нас. Бидејќи ќе се сетите дека во изминатите 7 години имаше дузина на активности каде директно беа мотивирани од Заев, Ковачевски и целото СДСМ мотивирање на фракции во ВМРО-ДПМНЕ. За нас тоа не е витешки и џентлментски“, вели Стојаноски.

Тој во однос на правосудството истакна дека ВМРО-ДПМНЕ како власт ќе е отворена за соработка со нив.

„Сакаме да бидеме отворени кон правосудните органи, нашата соработка ќе биде отворена со нив бидејќи во изминатите 7 години во седиштето на ВМРО-ДПМНЕ стигнаа безброј индиции за сторен криминал“, вели Стојаноски.

Тој посочи дека секој оној што се огрешил треба да одговара.

„Она кое е огрешено а има многу индиции и директни прекршувања на закон треба да е санкционирано и тука нема да има толеранција кон никого. Преку глава му е на овој чесен народ да оди на работа за плата и да гледа како луѓе влегуваат во политиката како голтари а стануваат милионери“, дециден е Стојаноски.

 
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.