Вторник, 02 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
СДСМ и медиумска неписменост

viktor-grozdanov2

Медиумските  аналитичари на СДСМ располагаат со информации од типот: Знаеш каков бурек има на Рампа во К.Вода? Најдобар, ми кажа братучед на еден школски другар, дека комшијата негов гледал низ прозор.

Сепак, за да му честиташ победа на внатрепартискиот конгрес на Венко Филипче прво мора тој да се извини за комплетната медиумска неписменост со недозволива количина на измама, која ни ја дистрибуираа во последниве седум години. Доколку не се извини и не се огради тоа, значи дека е ист како и претходниците и тоа за следниве измамнички пропаганди  со сериозна доза на некрофилна политика. А, тоа се :

  1. Никола Младенов загина во тешка сообраќајна несреќа, потврди неговата сопруга Билјана Младенова;
  2. Се докажа дека дека нема сокривање на убиството на Мартин Нешковски;
  3. Смиљковско Езеро и нивните докази, измислени во нивните политички и медиумски глави за убиството на пет Македонци;
  4. Со прст не мрднаа да докажат за владино, судско и обвинителското насилство во случајот А1 телевизија;
  5. Боки 13-Тредичи

Итн.

Еден од клучните потези кои докажуваат на медиумска неписменост, а создадена во политичко-медиумската коалиција е случајот со внесување на Бугарите во Уставот и покрај предупредувањата од страна на многумина дека тоа е Тројански коњ за идентитетот на македонскиот народ. Клучен доказ е последниот попис во соседна Република Албанија, каде е преполовен бројот на Македонците, и е извршен насилнички попис на околу 9.000 граѓани дека се Бугари, наспроти сите досегашни пописи кога воопшто не постоеле Бугари во Албанија. При тоа ретко кој обрнува внимание на реакцијата на Сали Бериша дека во Албанија се попишани повеќе од еден милион граѓани и дека фактичката состојба е всушност 1,4 милиони граѓани на цела териотрија со преполовено православно население и со графа северномакедонци.

И сега Венко Филипче има шанса полека, но сигурно да се заблагодарува дипломатски на услугите на медиумската неписменост и да заборави да вели „ние заедно со граѓанските организации…“, туку напротив да се сврти на партијата и веднаш да размисли за следнава личност.

Се сеќавате драги читатели на еден министер за правда , па за европски прашања, обично го нарекувам „Боки Теписонче“ (татко му како обвинител си нарачал теписон во вредност од 200 евра од приправници во адвокатаската канцеларија Антонио Апостолски за да им заврши работа во некој случај), иначе познат и како Бојан Маричиќ.

И сега бе друже: Шу праиме сега? Нели бе „Боки Теписонче“ немало ништо да изгубиме ако ги внесеме Бугарите во Устав, зошто тоа било техничка работа?

Одговорот е следен.

Венко Филипче мора јасно да покаже дека вакви ликови повеќе под ниеден услов нема да бидат дел од една партија како СДСМ, зошто на Македонија и треба државотворна, а не расипничка опозиција. Иако токму ваквите заслужуваат еден убав „Цигански Ќутек“ да не знае од каде се прима удари, ама во чест на браќата Роми, само ќе констатирам дека он е безвредна нула и едно големо ништо.

Овој лик, кој е едно големо ништо, е поддржан од една голема медиумска банда која сака да се наметне дека од нејзе зависи битисувањето на Македонија.

Еве едно големо прашање за сите: Колку треба да си глуп, туп и неинтелегентен или пак екстремно корумпиран, за да ја напуштиш Телма Телевизија која е создадена од Макпетрол, фирма гигант, со паричен влог во Централен Регистар од 6.5 милиони германски марки, денес рамно на 10 милиони евра, и да одиш да бидеш вработен кај Боки 13 (Тредичи) обична бизнис шајшутка и копук, а при тоа да се самонаречеш „БАРД“ на новинарството?

За нивна жал, а пробуваа да се класифицираат како недопирливи, но Телма телевизија Ви го дава одговорот преку и тогашниот и сегашниот ангажман на Оливера Трајковска дека не е глупа, тупа и неинтелегентна и екстремно корумпирана, туку напротив со нејзините емисии со години ја држи јавноста заинтересирана на многу теми и ден денес.

Медиумската неписменост, која се самонарече БАРД воопшто не разбираат што значи тоа. Има две објаснувања.

Едното е дека биле поети или сатиричари, кои ги воспевале своите господари кај келтските народи посебно „Ирските Бардови“, и во времето на романтизмот најпознат „Бард“ е никој друг туку Вилијам Шекспир, како олицетворение на врвен или национален поет и драматург.

Во македонски услови „БАРД“ биле Георги Бежиков од македонската оперска сцена и народниот Марко Цепенков.

Второто објаснување на македонски начин е она што го зборував за новинарскиве бардови. Вие служите за потсмев и сте класичен пример во науката како несмееш да бидеш глуп, туп, неинтелегентен и екстремно корумпиран.

Сепак најтажниот дел е во толкувањето на реалноста во медиумскиот свет. Нормално толкување е следново.

„Zapping“ има значение дека се користи далечинско за да управуваш со него заради менување на канали во време додека трае рекламен блок.

„Zipping“,  пак, е брзо менување/пребарување на рекламите на претходно снимена ТВ програма.

Но, ненормално толкување е „Поткаст“ или во оригинална форма „Podcast“.

Овој термин се однесува исклучиво на радио емисија која неможете да ја слушнете во живо или пак да слушнете појаснување на некоја тема итн.

Всушност „Podcast“ е форма на аудио содржина, која можеш да ја превземеш на својот уред и да ја слушаш кога посакаш. Овој збор настанува во 2004 година како кратенка од два збора – IPOD и Broadcast.

За жал граѓанските организации, кои се финансираат од разни фондови на неколку амбасади, пред се’ од Обединетотот Кралство и Северна Ирска и од Кралството Холандија го дефинирале изразот според нив „Поткаст“ на следниов начин:

  1. Дигитална аудио и аудио-видедатотека достапна на интернет за преземање на компјутер или на мобилен уред, вообичаено достапна како серија, чии нови епизоди претплатниците може да ги примаат автоматски. „Под“ произлегува од системот за преземање музика на Епл Мекинтош Ајпод. Оригинално го пренесувам.
  2. Инаку го нарекле со ПоТкаст поради звучноста иако оригинално е ПоДкаст, односно иделе на промена наречена едначење по звучност. Тоа се случувало при допир на две согласки со различна звучност.

Подобро е да не пренесувам како им одговориле на оваа глупост одредени личности како Даниела, Наташа, Владо, Валентина итн.

За сите да разберат и да знаат. Постојат само емисии кои може да ги наречеме:

  • Аудио-Визуелен продукт кој се дистрибуира до краен корисник/гледач преку различни платформи.

Тоа во нормалната наука се вика Видео на барање или како што е познато „Video on demand“.  Впрочем не случајно Васко Ефтов вели новата емисија на „Youtube“.  Има уште многу вакви емисии кои така се емитуваат. Неговата е најстара затоа ја земам како пример.

Ги замолувам веднаш многумината сериозни новинари да не го користат овој термин туку да бараат инвентивност како Иван Мирчевски, ПетКаст „На кавга со Иван“. Срамота е да бидете дел од сериозната медиумска неписменост. Јас овие неписмени ги откажав од моментот кога ни објаснуваа што е дигитализација. Мислиш дека од Марс посетители ќе ни дојдат. А, беше многу едноставно. Наместо 8 предаватели за 8 ТВ станици, сега ќе имате еден предавател за 8 ТВ станици. Ама треба ли да се дрпаат пари?

Башка нивните Универзитети на овие теми се 10 пати послаби и поненаучни од оној на Рамиз Мерко.

Затоа Венко Филипче, за разлика од твоите претходници бери памет и секогаш користи ја „Ние од СДСМ како државотворна партија“… итн. Како што гледаш медиумските гавази и нивната неписменост си уживаат, а ти треба да се препелкаш со еден милион наследени глупости.

Автор: Виктор Грозданов за НетПрес

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.