Четврток, 04 Јули 2024    PDF Печати Е-пошта
Примарната цел на новата власт е борба со криминалот и корупцијата

image2

Мизрахи: Фактите што ги увидуваме покажуваат дека целта на претходната власт била целосно разорување на државата, затоа примарната цел на новата власт е борба со криминалот и корупцијата

„Ова е 10-ти ден од формирање на Владата каде Владата најави ветерници и подобрување на енергетскиот баланс на државата, 250 милиони кои ќе се дадат на општините, нови градини, измена на законот за здравствена заштита, измена на кадровски решенија апропо законот за здравствена заштита, односно елиминирање на административните кадри кои тежеа на здравствениот систем“, истакна пратеничката од ВМРО-ДПМНЕ Рашела Мизрахи во гостување во емисијата „Заспиј ако можеш“ на ТВ Алфа.

Таа продолжи и додаде дека преку фактите што го увидуваат покажуваат дека целта на минатата власт била целосно разорување на државата.

„Тенденцијата на претходната власт е да го покраде буџетот и државата да колабира за да нема докази за кражбата. ВМРО-ДПМНЕ беше многу децидна дека приматот на оваа власт е борба со криминалот и корупцијата, зошто? Заради тоа што ситниот криминал и корупција е една работа, а крупниот криминал и корупција согласно сите научни трудови поминуваат над 80% со амин од државата што значи дека Владата мора да аминува криминал и корупција и заради тоа тенденцијата и првата примарна цел на новата власт е борба со криминал и корупцијата“, вели Мизрахи.

Таа продолжи и додаде:

„Институциите ќе се вратат во погон, нормално ќе функционираат и полиција и судство. Системот да функционира и да гони криминал и корупција согласно докази, а не согласно измислени и монтирани докази“, посочи Мизрахи.

 

На прво место

News image

Славјанка Петровска да каже дали луксузната хациенда е уште нејзина или ги крие парите од продажба

Според катастарските снимки во моментот кога Петровска вели дека го продала земјиштето, таму била ...

Историја

News image

Св. Давид цар Македонски, братот на Самоил

„На 13 јануари 1833 година во пожар настрадал манастирот Св. Јован Рилски. Монасите започнале негова...

Иселеници

News image

УЧЕСТВО НА АНСАМБЛОТ „ТОМОВ“ НА ИЛИНДЕНСКИОТ ФЕСТИВАЛ ВО БИТОЛА (35)

ДЕЛ ОД МОНОГРАФИЈАТА „ТОМОВ“  НА СЛАВЕ КАТИН

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.