|
||||
Жива срамота е СДС да говори за клановски пресметки |
Жива срамота е СДС да говори за клановски пресметки, бидејќи тие се творците – тие ги штитеа, им даваа поддршка и се фотографираа со нив Грдото лице на власта на СДС и ДУИ значеше и бруталната пресметка на клановите Дуќанџик и Арачиново. Оваа клановска борба својот врв го достигна во време на Оливер Спасовски, кога лица тесно поврзани со мафијашките структури беа дел од неговиот кабинет, а полициски службеници заедно со криминалците учествуваа во директните пресметки, како што беше таа во хотелот Александар Палас. Владеењето на СДС и ДУИ беше симболот на беззаконието и јакнењето на подземјето. Разузданите банди и мафијашките пресметки низ Скопје и други места се директно дело на поранешната власт, затоа што истите ги користеа за избори, а после им се оддолжуваа со тоа што им ги отвораа улиците за трговија со дрога. Жива срамота е СДС да се дрзне да говори за вакви пресметки, бидејќи тие се творците на клановите и клановските пресметки по угостителски локали, трговски центри и по улици. СДС нека се покрие од срам, затоа што ги охрабруваа членовите на подземјето да дивеат, им даваа заштита и поддршка, а не изостануваа и фотографии на мафијаши со функционери од власта на СДС и ДУИ. |