Петок, 16 Јуни 2023    PDF Печати Е-пошта
Внатрешна Македонска Револуционерна Организација (Обединета)

IMRO-united-statuteНа политичката сцена на Македонија во 1925 година се јавува како фактор уште една нова политичка организација – Внатрешна македонска револуционерна организација (Обединета). Организацијата се формира врз основа на принципите на Мајскиот манифест на ВМРО (1924), а духовен иницијатор за основање на организацијата била Балканската комунистичка федерација, формирана во Софија во 1920 година. На организацијата и се приклучиле членовите на Илинденската организација, на бившата Македонска федеративна организација, Серската група, како и други прогресивни групи.

Организацијата е формирана во октомври 1925 година на Основачката конференција во Виена, под претседателство на Димитар Влахов и со учество на преставници на главните крила и групи на македонското движење. Со цел да се истакне поврзаноста и континуитетот со старата ВМРО на Гоце Делчев, а истовремено да се создаде сплотувачки и обединувачки широк фронт на сите прогресивни сили на македонскиот народ кои се стремат и борат за негово ослободување и обединување во рамките на нејзините географски и етнички граници, организацијата ќе се именува ВМРО Обединета. Според Уставот, ВМРО (Обединета) требаше да прерасне во широко масовно движење на народот во трите дела Македонија и на сета емиграција за извојување на слободна и независна Македонија, како и за нејзино доброволно вклучување како равноправен член на идната балканска федерација.

При нејзиното основање бил избран Централен комитет со седиште во Виена. Меѓу најистакнатите членови биле Панко Брашнаров, Димитар Влахов, Методија Шаторов – Шарло и др. Во 1928 година седиштето било пренесено во Берлин, што предизвикало влошување на врските со Македонија. Обидите на ВМРО (Обединета) да прерасне во легално националнослободително движење, односно во политичка партија во сите три дела на Македонија, беа безуспешни. Причините за тоа лежеа како во левата, прокомунистичка ориентација на ВМРО (Обединета), така и заради основните програмски барања за отврлање на постојните балкански државни творби и граници. Борбата на ВМРО (Обединета) за измена и прекројување на границите и формирање на автономна Македонија, како и за нејзино вклучување во поширока балканска федерација, ја правеа оваа партија непожелна и антидржавна во очите на Белград, Софија и Атина.

Дел од членовите Герџиков, Занков, Шатев и други, незадоволни од прокомунистичката ориентација на организација, безуспешно се обидувале да се издвојат во посебна организација (Цариград, 1929). Набрзо доѓа до привидно помирување и истите членови се сретнуваат не само во ВМРО (Обединета) туку и во БКП/ КПГ/ КПЈ, а организацијата наизглед добива комунистички карактер. Во 1928 и 1929 година доаѓа до партиски провали во Велес, Скопје и Куманово. Биле уапсени 113 нејзини членови, меѓу кои и членот на ЦК, Панко Брашнаров, по што згаснува нејзиното делување во Вардарскиот дел од Македонија Во Пиринскиот дел, организираната активност на ВМРО (Обединета) престанала по 1935 и 1936 година, по наредната голема провала, кога во градовите Софија, Разлог, Неврокоп и Горна Џумаја се судени околу 60 нејзини членови. Во Егејскиот дел, нејзината дејност се угасува дури во времето на Метаксасовата диктатура (1936 – 1941).

За настаните во Македонија, ВМРО (Обединета) ќе го запознее светот преку својот орган в. “Македонско дело”. Написите за апсењата и судењето во Македонија, ќе ја вознемири светската демократска јавност и ќе предизвика протести и активности на низа видни писатели, научни и културни работници, како на патриотската македонска емиграција во Америка. Истовремено светската јавност ќе се запознаа со ставот на ВМРО (Обединета) во однос на македонското прашање, како и со ставовите во однос на етничкиот состав на населението каде доминирал ставот дека Македонците се посебен народ (нација) со посебен јазик.

За посебноста на македонскиот народ, Васил Ивановски ( Ловраде, Костурско, 1906 – Софија 1991), македонски публицист и културен деец, член на ВМРО (Обединета) во Бугарија, ќе го напише авторскиот текст “Зошто ние Македонците сме посебна нација”. Според објаснувањето дадено во ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава, том втори, Скопје 1981, оваа статија е објавена како авторска под псевдонимот Бистришки од Македонскиот народен сојуз во Америка ( четвртиот конгрес на Македонсакиот народен сојуз во Америја, Резолуции, Излагања, Детроит, Mich. 1934, стр. 42-55). Таа е објавена на повеќе јазици: германски, француски, англиски, грчки итн. На германски јазик е објавена во „Ваllcan Коrrеѕроndenz” (год. III, бр. 21 од 10.XII 1934 год. стр. 255/256 и бр. 22 од 25.XII 1934, стр. 266/267) под насловот „Македонска нација" непотпишана и со изменет увод и скратен заклучок. Исто така, во објаснувањето стои дека кон статијата била објавена белешка на редакцијата во која се вели: „Следнава расправа за прашањето македонската нација не доведе во круговите на македонското национално револуционерно движење ВМРО (Обединета). Бидејќи наметнатите проблеми се од принципиелно значење во статијата ќе се осврнеме на ова прашање". Белешкава на редакцијата на весникот, ќе наметне можен заклучок и оваа статија ќе се третира како официјален став на ВМРО (Обединета),) во врска со карактеристиките на македонската нација.

Во оваа статија Бистришки во 6 точки ќе ја образложи посебноста на македонскиот народ, неговата етногенеза и процесот на создавањето на македонската нација, економската зависност од целовитоста на територијата на Македонија, со што се оправдува и борбата за создавање на независна национална македонска држава во нејзините географски и етнички граници.

Во контекст на сеуште незатвореното македонско прашање и на сите оние кои се обидуваат денес да ја негираат македонската држава и македонскиот народ, како и заради неговта актуелност, во продолжение на текстот ви го презентираме во целост делот од статијата на Бистришки „Зошто ние Македонците сме посебна нација" објавен во публикуваните “ДОКУМЕНТИ за борбата на македонскиот народ за самостојност и за национална држава”, том втори, Скопје 1981 година.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.