|
||||
27 години од атентатот врз претседателот Киро Глигоров |
Останува непознато кој стоел зад атентатот. Истражната постапка против непознат сторител се уште е отворена. Истрагата утврди дека атентатот бил добро подготвен и организиран и оти само среќна околност е што претседателот Глигоров го преживеа атентатот. Нападот беше извршен со автомобил бомба на 3 октомври 1995 година во 9:50 часот на улицата пред хотелот „Бристол“ во Скопје кога Глигоров со службено возило се движеше од неговата резиденција на работното место во Собранието на Република Македонија. Во автомобил „цитроен ами 8“ биле скриени 20 килограми експлозив, кој беше активиран со далечински управувач кога возилото на Глигоров се движеше кон зградата на Собранието. Пред експлозијата службеното возило на претседателот на улицата „Македонија“ го забавило едно „фиќо“. Во истрагата биле претресени 30.850 возила и прегледани повеќе од 15.000 објекти, легитимирани биле повеќе од 188.000 лица, од кои 19.000 биле претресени. МВР извршило и околу 30 информативни разговори со луѓе за кои сметало дека се можни сторители на атентатот, но сите тие биле пуштени по испрашувањата. |