Петок, 25 Ноември 2011    PDF Печати Е-пошта
Приштина се извини за палењето на македонското знаме

ZNAMEМинистерството за внатрешни работи на Косово го осуди палењето на македонското знаме за време на фудбалски натпревар во Качаник, како и истакнувањето на транспарентот - „2012 не е крај на светот, туку крај за Македонија“.

- Некои поединци истакнаа транспaрент на кој беше изразена омраза и го запалија знамето на Република Македонија, се вели во соопштение од косовското МВР.

Министерството додава дека во тек е истрага и ќе бидат преземени мерки за да се казнат одговорните за инцидентот.

Македонија вчера го осуди палењето на македонското знаме на фудбалски натпревар меѓу клубовите Лепенци и Дрита во Качаник и истакнувањето на транспарентот. Попладнево, пак, во македонското МНР беше повикан на разговор в.д. косовскиот амбасадор Скендер Дурмиши од страна на директорот на Директоратот за југоисточна Европа Дејан Костадинов Петров.

Како што информираат од МНР, во разговорот косовскиот амбасадор ги осудил навивачите и уверил дека косовската полиција трага по групата, која го запалила македонското знаме за време на фудбалскиот натпревар Лепенци и Дрита.

Дурмиши во МНР укажал дека Косово гледа голем пријател во Македонија и нема да дозволи ваквите инциденти да ја загрозат соработката. Произлегла и иницијатива од македонска страна за организирање фудбалски натпревар помеѓу тимови на македонското и косовското МНР како потврда на добрата соработка помеѓу двете земји и со презентирање на европско навивање.

Палењето на македонското знаме на првенствен натпревар во Качаник го осуди и Фудбалскиот сојуз на Косово. Првиот човек на косовската фудбалска организација, Фадиљ Вокри денеска во телефонски разговор му се извинил на претседателот на Фудбалската федерација на Македонија Хари Хаџи Ристески.

Во разговорот на челните луѓе на федерациите, како што стои на веб страницата на ФФМ, е заклучено дека фудбалските релации помеѓу двете земји не треба да бидат нарушени од хулигани кои се обидуваат да го злоупотребот фудбалот и спортот за политички цели. Хаџи Ристески и Вокри се заложиле релациите помеѓу ФФМ и ФС на Косово да останат на високо ниво и двете федерации заеднички да се борат за спречување на хулиганското однесување и против злоупотребата на фудбалските натпревари за испраќање манифести кои можат да предизвикаат инциденти од потешки последици.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.