Вторник, 03 Јануари 2023    PDF Печати Е-пошта
Бадник или Коледе

badnikБадник или Коледе се нарекува денот пред роденденот на Исус Христос (Божиќ), според христијанската традиција. Според Јулијанскиот календар по кој се раководи Македонската православна црква, Бадник паѓа на 6. јануари секоја година, а Божиќ на 7. јануари. Суштината на празникот е во радоста на христијаните пред големиот ден - Христовото раѓање. Истовремено, со овој ден завршуваат и Божиќните пости.

Зборот Бадник доаѓа од зборот да бидеш буден. Таа ноќ сите домашни луѓе не заспиваат туку преноќеваат будни, та од тоа се гледа дека таа ноќ е наречена: бадник - будник“.

Бадник е празник кој се прославува во кругот на семејството.

badnik-kolede-erusalim

Традиционално, во Македонија семјството се собира на вечера на Бадник. Се подготвува богата трпеза исклучително со посна храна: питулици, сарма, грав, компир, риба, зелник, овошје и друго, што треба да обезбеди богат род на земјоделските култури во следната година. Обичај е по вечерата софрата да не се крева, туку така заедно со храната да остане цела ноќ.

На Бадник во секоја куќа се меси кравјаче, пита или погача во која се става пара. Вечерта кога сите ќе седнат на вечера, домаќинот, откако ќе се прекрсти и ќе ја благослови трпезата, го крши кравјачето на толку делови колку што има членови семејството, оставајќи уште дел за Бога и за куќата. Сите присутни во својот дел од кравјачето ја бараат парата, и оној што ќе ја најде се смета за најсреќниот во годината што претстои.

Богати обичаи и верувања на Бадник се поврзани со обредниот оган како и со горењето на дрвото наречено Бадник или Бадникојца. Во врска со обредните коледарски огнови е и обичајот коледица. И денес како и во минатото и во селата и во градовите во сите краишта на Македонија помали или поголеми групи деца палат оган и го прескокаат.

Рано изутрината на Бадник, децата пеат и одат по куќите каде што добиваат подароци како што се: пари, ореви, костени, јаболка, портокали и др.

Песните спроти Бадник се од Дебарско, од записи на Васил Икономов

Во Дебарско особено во нашите малорекански села,, вечерта спроти бадникот се подготвуваат лебови што се викаат колаци, со различни форми. Заедно со овие колаци (или колендари) замесуваат по еден голем леб што се вика чист леб, којшто го јадат на првиот ден на Божикот, кога повозрасните деца варат пченица (жито) со шеќер и ги пеат следниве песни:

1. Утре вечер - бадник вечер, бодни коња на пазара,
купи риба јогула, дојди дома да ја вариш,
сркни риба - убоцај се, пи си вино - весели се!

2. Теле велит: - Леле! Не колите мене,
ток` колите кокош! Кокош се скри пот кош!

3. Сива, сива гулабице, од коде си долетала до нашего господина?
Шчо чинеше наш господин?
- Ми правеше златни чаши, златни чаши и канати,
да послужит млада Бога, млада Бога и Божиќа.
Божик ми е на небеси, слава му е по се земја.

4. Добро утро стара бабо! Дај ми колач и погача!
Напи се вино и ракија, појди в племна - запали ја!
Sркни каша - попари се, косни риба - убоцај се!

Коледарски песни од записите на Mарко K. Цепенков

Коледица варварица, сива, сива гулабица
долетала од планина, и донесла убаина.

Коледица варварица, бери пења за вечера
мене ми се вечера, оти пиле ми загина,
од море до море, во царичини дворои.

Царица го нагазила, и цревцата му истурила.
Циу цвиц ми сторило и пилето си умрело.

По битолцќи Кoледица меледица,
и по неа Василица, и по неа дава, дава,
еднаш ни сте во година како цвеќе во градина.

Збирајте се дечиња, стред село на грејачка,
огон да си палиме, за да се изгреиме,
оти после ќе одиме, Коледа да викаме,
костење да збираме, за Бадник да јадиме,
Божик да го чекаме, и прасе да јадиме.

Колете, бре селани, дебелите крмнаци,
оти Божик ќе дојдит у селого на гости.

Олеле, деде, паднало греде,
отепало дете, дедо се влечи,
баба го плачи, и си го теши:

Молчи ми старче, кусо магарче,
подај ми праче, да не ти к`лвнат,
твоите гурелки. Подај ми камче,
да удрам петле; да не ти к`лвни,
твоите мрсулки.

Една од најпеаните песни што се пее Бадник или Коледе е „Коледе леде“:

Коледе, леде!
паднало греде,
утепало деде.
Дедо се мачи,
баба го квачи,
со четири јајца
гускини, паткини, шаткини!
О. О. коледе!

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.