Недела, 26 Февруари 2012    PDF Печати Е-пошта
Во Прилеп 12-ти карневал „Прочка“

prilepПреку 150 маски од Македонија и од странство со близу 2000 учесници денеска се претставија во центарот на Прилеп на главното дефиле на 12. меѓународен карневал „Прочка“.

Како што информира Ванчо Георгиев, претседател на здружението „Прилепски мечкари” кое со локалната самоуправа го организира карневалот, има гости од Украина, Холандија, Белгија, Бугарија, Албанија, од Србија, Хрватска.

Маските се креативни -традиционални, современи, поединечни и групни. Почетокот на дефилето го означија мажоретките и секако мечкарите кои го имаат својот ритуал на бркање на злите духови.

Од карневалската атмосфера е одоошевен и претседателот на Европската асоцијација на карневалските градови Хенри Ван дер Крон кој, вели, ги претставува 500. градови од 48 земји. - Дојдов да го видам Прилеп, да ја почувствувам неговата душа пртеку карневалот, истакна Ван дер Крон.

Гостите се и во своевидна, успешна инспекција зашто Прилеп кон крајот на мај е домаќин на Конвенцијата на европските карневалски градови. Прилеп е подготвен, нагласува градоначалникот Марјан Ристески за да угости 300 делегати.

Избрани најдобрите маски на Прилепскиот карневал

Групната маска „Демони” е најдобра маска на 12. меѓународен карневал „Прочка 2012” што се одржа денеска во Прилеп.

Маската ја претставија 15-ина девојчиња и е најоригинална, вели етнологот Ели Милошеска, претседател на карневалската жири комисија.

Најдобра поединечна маска е „Прилепски пампури”, претставена од три девојки, најдобрата традиционална групна е „Ангели и демони” од учениците од ОУ „Добре Јованоски“, а наградата за најдобра современа групна маска ја понесоа група млади претставени како „Жители на Хаваите”.

Маската „Крали Марко, Црна Арапина и синџири робје” ја освои третата награда во категоријата традиционална маска.

Најдобрата маска „Демони” доби парична награда од 15.000 денари.

На прилепскиот меѓународен карневал „Прочка 2012” учествуваа преку 100 поединечни и групни маски со близу 2000 учесници. Имаше гости од Украина, Холандија, Белгија, Бугарија, Албанија, од Србија, Хрватска.

Според етнологот Милошеска, годинашните маски беа креативни и оригинални и Прилеп ја задржува традиционалноста и преку маските пренесувањето на обичаите.

Прилеп годинава кон крајот на мај е и домаќин  на Конвенцијата на европските карневалски градови на која ќе учествуваат преку 300 делегати.
 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.