|
||||
„Чудесна Македонија“ - најново издание на „Младинска книга“ од Скопје |
Книгата „Чудесна Македонија“ e најновото издание на „Младинска книга“ - Скопје. Ќе биде печатена во голем формат, речиси како да станува збор за енциклопедиско издание, со околу 530 страници и над 700 фотографии. Како што соопшти „Младинска книга“, изданието е замислена како претставување на Македонија преку 100 локации. Предадени се места, планини, села, археолошки локалитети, цркви, џамии, скриени водопади, пештери, села и планински врвови... Според креаторите на оваа книга, главниот и одговорен уредник на ова издание, Лавинија Шувака-Хоџиќ, фотографот Наце Попов и текстописецот Марија Саревска-Тодоровска, „Чудесна Македонија“ со својата разнообразност и содржина, е книга со која ќе се гордее секој граѓанин, книга за секое семејство, без оглед на неговата национална и верска припадност. |