Среда, 01 Март 2023    PDF Печати Е-пошта
Ксантика древно македонско (празнување) прославување

Поим за Ксантика

ksantikaПролетта почнува со месецот Ксантика. Тоа е име прастаро за денешниот месец март во Македонија. Тоа ја отсликува поврзаноста на човекот со природата, со плодородието, со обновување на раѓањето. Во пролет денот се зголемува со повеќе сонце, светлина и радост, се разбудува природата од студените зимски денови со светлината, духовното прочистување, накитени поворки со песни и ора ги почнуваат пролетните прослави.

Се слави надојдувањето на пролетна енергија, со помирување, со повеќе љубов и светлина. Тоа е нова мисла со нови идеи, сончеви зраци, китки на цвеќе со спектар на бои и мартинката како симбол на црвената и белата боја. Грубата материја како црвена боја се преплетува со белата боја како духовна енергија. Значи, Македонците празнуваат и умееат тоа да го изведат, пред се да ја слават возобновената природа секоја година и секоја слава низ годината, вековите, милениумите, почнувајќи од март. Се буди природата под дејство на светлина со рамнодневиницата, во март се затоплува земјата, никнуваат житата, се развиваат цветови, цутат овошјата, се пресадува расад, се подготвува храна, сигурност за животот, се прават гнезда, свадби, раѓање, се обновува и се заменува со нешто ново и младо, во земјоделието и целиот жив свет. Се отвараат цветови како симбол на надојдената светлина и со цвет се кити целата природа и луѓето што умеат тоа да го прослават, да го покажат сето тоа низ китење, игри, песни, уметничко творење на сите подрачја на човечката имагинација.

ksantika2

Ритуалите во пресрет на сите природни промени ја сочинуваат главната содржина на најголемо празнување на Ксантика, цел месец и цела година.

ksantika3

Причина за славење на Македонците се почитување на митолошките богови поминати во славење на православните христијански празници и најмногу успехот, победите, напредокот и заштитата на сите видови одбрана и војување. Тоа се тие причини за прослава целиот народ со царот и војниците, во една целосна врска со природните појави. Древните Македонци за Ксантика долго се подготвувале да покажат се што е важно во сложената структура на општеството, поденакво на матријално и духовно подрачје.

Фамилиите, фалангата, народот ги исполнувале сите простории предвидени за прослава. Театрите, плоштадите, ледините во секој царски град и населба одекнувале со битни и бучни веселби. Се пиело, се пеело и играло во изобилство на храна и вино. Се одмерувала убавината, младоста, спосбноста на генерациите парадно закитени, дотерани во носии извезени и со скап накит украсени.

Во долгите зимски деноноќија, со месеци во цела сезона, се работело на рубата, се изработувал накит, алати, оружје, садови за на деновите на Ксантиката сето тоа да се види и да се пренесе во поусовршено изведување кај идните генерации.

Многу долг период, од Неолитот до денеска, можеме да ги сретнеме во разни форми глинените садови и женски фигури, обработена Македонска бронза во садови, накит, оружје, Македонскиот штит со сонца и разни орудија, мермерите со статуи, театри, ѕидини на палати и гробови. Таа материјална култура ги исполнува музеите дома и низ многу други земји во Европа и Азија и насекаде каде што се однесени од Македонија разните артефакти. Во нив се отсликувани функциите на создавањето на различните предмети во служба на начинот на живеење, прослави и верување на Македонците, носители на најстарата култура, писмо и уметнотст по светот. Во украсите, во уметничките дела, во боите, во било кое уметничко дело ги гледаме корените и духовоста на најмасовните прослави на Ксантика.

Денешниот начин на домашните, религиозните и народните празници се изведуваат на ист начин како Ксантика од древноста. Одржан е континуитет во боите, звуците, инструментите, украсувањето, такво какво што било пред неколку милениуми. Гајдите, тапанот, кавалот и окарината со звуци на кавал го диктирале орото со ист ритам. Окарината стара шест илјади години во рацете на Даутовски, засвири денеска како во давнина на прославите на Македонскиот празник Ксантика. Се што е во древноста создадено и денеска се употребува. Преку празнување на Ксантика ги возобновуваме обичаите, творештвото, духовноста на Македонците создадено врз цврста основа на морал, радост, љубов и славење на живото за полесно да се поднесат тешкотиите на кои се наидува низ животот и борбата за опстанок во сурови услови и пречки.

Македонците добро увежбани ја покажувале својата спремност да се соочат со проблемите и да ги решат. Ксантика била поле за рамнотежа или смотра на постигнувањата. Македонците секоја година со Ксантика, облечени во ново руво, закитени со цвеќе и со мартинки, за здравје и за успех, духовно јакнеле прочистени, се подготвувале за големи цивилизациски походи да стекнат нови содржини во славењето низ уметничко творештво и совладување на нови простори.

По празниците на Ксантика, Македонците позасилено твореле, произведувале и патувале. Потврдена е долга традиција на патување по светот. Патувале Аргонаутите по златното руно предводени од богови и херои околу средоземјето и просторната татковина на митолошките јунаци. Патувала поворка на Дион со својата придружба на народ, музите, сатири, хорови со оратори, музика, игра како први театарски претстави. По пат до Индија и назад до светилиштата во Македонија го славеле виното и боите на Ксантика со мартинките и црвено-белите цветови, како белото и црвеното вино. Тоа претставува прва форма на масовна пролетна прослава на Ксантика, иако корените ги има опишано и во Илијада и обичаи изразени низ неолитот.

Херакло, син на Зевс ги прокрстарил истите простори и ги славел херојствата соодветно со македонската традиција да се вклучува народот.

Најдолг пат изодил Македон којшто се вљубил во богинката Ксантика, во пролетно изобилство на бои и цветови. Кога Македон ја изгубил Ксантика, продолжил да ја бара во сите сезони, барајќи го прецутеното цвеќе презреаното овошје и есенските семиња заспани во зимскиот сон. Рано напролет, Македон го канел народот да го пречекаат будењето на природата, да ја препознаат убавината на Ксантика, исполнети со љубов да ги започнат прославите.

Славењето на Ксантика со пролетта на месецот Ксант или Март, почнува пречек на земјоделските обработки. Тоа подготвување започнува дома со чистење и украсување на расцутените овошни дрвја им се врзуваат црвени врвца и други обележувања кога се режат лозјата, кога се ора земјата, кога се враќаат штрковите, кога се прават свадби, тогаш почнува китењето со мартинки и цветови. Така се пречекуваат прославите на Ксантика и долго, цел месец се слават боите, бериќетот, цвеќето и љубовта. Народот прима поголема светлина и потопло сончево зрачење на нов живот, веселост и среќа.

Од земјата `ртат семиња и сето тоа заедно со боите, мартинките и цвеќето го гледаме во носиите, килимите, во китките во рацете на невестите, во панделките, во косите на децата, на алатите, на портите, на сите предмети во употреба. Се украсува српот, ралото и воловите кога тргнуваат на орање. Се украсуваат коњите кога патуваат до светилиштето, ливадите, театрите, каде што почнува да се слават деновите на Ксантика. Пристигнува Фалангата во полна опрема. Се вкрстуваат црвените наметки и белите отејаи на сребреното оружје. Сите брзаат по царските патишта да го пречекаат царот во злато украсен да почне славењето со народот.

ksantika4

Трештат зурли, тапани, гајди, се пие црвено вино, и се наздравува, се пее и ора се играат, натпревари во спорт, ораторство, шеги и претстави се одржуваат за натпревар меѓу најдобрите. Затоа на Македонците им служеле големите театри и стадиони во сите градови, големи, да ги собира сите со се царот и фалангата.

Така Ксантика се негува како традиција низ Македонската историја. Тоа културно наследство има длабоки корени назад со повеќе милениуми од неолитот, антиката, христријанството. Има нешто заедничко во сите тие периоди до денеска.

Ангелина Маркус

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.