Среда, 14 Септември 2022    PDF Печати Е-пошта
Писмо од ЦК на БРП до Тито и ЦК на КПЈ: (2 ноември 1944 година)

Со создавањето на слободната македонска држава  во нова Федеративна Југославија се прави  решителен чекор кон остварување на идеалите  на македонците  за  слободна, единствена Македонија.

“Драг другар Тито,

Ја користиме приликата преку тебе да му упатиме на Централниот комитет на братската КПЈ, на сите членови на Партијата и на херојските народи на Југославија наши срдечни поздрави по повод блескавото ослободување на југословенската претстолнина Белград...

Огромна е заслугата на Југословенската Народноослободителна армија, која Ти ја организираше и со која командуваше... Ние ви должиме вечна благодарност за поуките и за братската помош, кои нашите први партизански одреди ги добија од вас.

Сега, кога нашиот народ, благодарејќи на поддршката на непобедливата Црвена армија и вашата херојска Народноослободителна војска... Го отфрли срамното фашистичко ропство и се спрегна раме до рамо со советските, југословенските и други народи во општата борба за конечен слом на фашистичкиот север и неговото конечно истерување од Балканот - пред нашите народи и пред нашите братски партии се отвора широк пат за искрена и братска соработка и најтесен сојуз меѓу братските јужнословенски народи...

...Ние го поздравуваме од се` срце првиот значаен чекор во тој поглед, договорот за заедничка акција против германските освојувачи, кој го потпиша Ти, другар Тито, и нашиот другар Терпешев.

Нашиот народ е свесен за големата вина која тој ја има спрема југословенските, а особено кон српскиот и македонскиот народ, што им дозволи на своите фашистички управувачи Бугарија да ја претворат во плацдарм на германските хорди, бугарската војска во хитлеровски жандарм на Балканот за извршувањето на цела низа насилства и злосторства над населението кое се бори за својата слобода.

Нашиот народ... Е подготвен да даде се од себе, не жалејќи ја ни крвта на своите синови во заедничката борба против хитлеризмот, за да ја збрише, доколку се може, што побрзо и попотполно, срамниот спомен на блиското минато и да го расчисти патот кон важното и нераскинливо пријателство, цврстиот братски сојуз меѓу сите јужнословенски народи.

…Специјално во врска со создавањето на македонската слободна држава во рамките на нова, федеративна Југославија, со што се прави првиот решителен чекор кон остварувањето на идеалите на Македонците за слободна, единствена Македонија, ние ви ставаме на знаење, дека нашата Партија и нашиот народ најтопло ја поздравуваат новата македонска држава.

Ние ќе работиме на нејзиното популаризирање како меѓу целиот бугарски народ, така и особено меѓу населението на бугарскиот дел на Македонија, ќе помагаме во делото на будењето на македонската национална свест кај тоа население, користејќи  го херојското минато и сегашност на македонскиот народ во неговата борба за ослободување, именувајќи ги училиштата, организациите и друго, со имињата на македонските борци, издавајќи македонски весник и др.

За таа цел ние ја преименуваме нашата Горноџумајска партиска организација во македонска со правата на Обкомот, под раководство на ЦК на нашата партија, ставајќи и` во задача да ја спроведува комунистичка по содржина, национална (македонска) по форма работа.

Целата таа наша дејност ние ќе ја развиваме под знакот на широка агитација за создавање најтесен сојуз помеѓу нова федеративна Југославија и нова отечественофронтовска Бугарија, што, меѓу другото, ќе го расчистат патот за најбезболното остварување на македонскиот идеал за слобода, единствена Македонија во рамките на нова Југославија...” 

ИА на КПЈ VII,док. бр.131, стр. 367-368;  Ј. Б. Тито Сабрана дјела, 24, стр. 244-246;

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.