Понеделник, 10 Октомври 2022    PDF Печати Е-пошта
Востанието од 1941–1944 година доведе до ослободување на македонскиот народ во Вардарска Македонија и до создавање на НР Македонија

asnom

АСНОМ, создавањето на Народна Република Македонија

…Една споредба меѓу Илинден 1903 г. и народното востание 1941-1944 г. и заедно со тоа ќе ја истакнам врската меѓу едното и другото востание.

…Востанието од 1941–1944 година доведе до ослободување на македонскиот народ во Вардарска Македонија и до создавање на НР Македонија.

Уште во разгорот на НОБ, на 2 август 1944, беше свикано Првото заседание на АСНОМ. Тој ден беше намерно одбран, за да се најави и да се потврди делото на Илинденското востание на 2 август 1903 година што беше продолжено, развиено и завршено сега. Заседанието го отвори Панко Брашнаров… Во салата најмногу ги имаше униформираните делегати на македонските единици и од политичките работници од ослободените територии… Со свои делегати во АСНОМ беа претставени и другите два дела на Македонија – Егејска и Пиринска Македонија.

Од името на Тито и Врховниот штаб поздравен говор поднесе Св. Вукмановиќ –Темпо. На свеченото заседание присуствуваа и англиската и американската воена мисија во Македонија, што го поздравија Собранието во името на Англија и САД. Салата, чардакот и дворот на манастирот беа исполнети со народ, селани… На пат беше и советската воена мисија…

…На Заседанието беа поднесени два реферата: општиот од Методија Ченто и политичкиот од Бане Андреев. По рефератите и дискусијата беа донесени низа решенија (закони) и се изгласа декларацијата, со која се прогласува Македонија за суверена држава во рамките на ДФ Југославија. На крајот Собранието избра свој Президиум. Президиумот ги доби правата на законодавен орган, со соодветна доверба… За претседател на Президиумот беше избран Методија Ченто…

Македонија започна да живее како слободна и рамноправна единица во новата федеративна Титова Југославија што се изградуваше. Со тоа се оствари вековната мечта на нашиот народ за слобода. Се воздигна делото на старите илинденци, продолжено со таква енергија, сметлост и себеодрекување од нивните наследници, од младите борци и партизани, кои на 11 октомври 1941 година ја дадоа паролата за новото сенародно востание.

…По својот карактер и цел тие не се разликуваат. Обете востанија носат длабоко демократски карактер и имаат за цел – национално ослободување на Македонија… Тоа се гледа од масовното, сеопшто учество на народот во борбата, од нејзината сила и замав.

Тоа се гледа, како во Манифестот на Крушевската Република во 1903 г., така  и во првите прогласи на новите востаници во 1941 година. Врската е полна. Новите борци го следат делото на првите апостоли и творци на македонската револуција. Тоа се гледа  од бојното црвено знаме на Крушево, што го издигнаа… партизаните, прибавувајќи го кон него новиот симбол на слободата – петокраката. Тоа се гледа од имињата на првите партизански одреди…”Даме Груев”, “Јане Сандански”, “Питу Гули” и др. Партизаните ја пееја и разнесуваа низ цела Македонија песната:

Излеговме ние смели партизани

Над нас на Гоце знамето се веј…

Во борба, во борба, во борба

Македонски народе….

За света народна слобода

Со песни и радост се мре…

Од гроб станаа славните ѕидари

На Круешевската Република,

Гоце Делчев, Питу Гули, Карев, Даме, Сандански.

Горите македонски шумно пеат

Нови песни, нови весници.

Македонија слободна,

Слободна ќе живеј.

Јасно, новата борба беше продолжение на старата. Младите одеа по татковците и се вдахновуваа од нивните идеи, од нивното дело…

…Во 1903 г. македонскиот народ беше сам пред една цела империја… Реакционерните монархии се вмешуваа… брутално во македонските работи… Поттикнувани од завојувачките стремежи кон Македонија. Илинденското востание беше пред време објавено од Гар-вановци, Лозанчевци и Сарафовци според сугестијата од бугарскиот дворец и против волјата на првоапостолите на македонската револуција, не од желбата да му се помогне на македонскиот народ побрзо да се ослободи, туку да му се нанесе удар на македонското ослободително движење и да се крева врева пред надворешниот свет и со тоа да се претстави  македонското прашање како бугарско прашање.

Од друга страна, надежите што првите дејци на Внатрешната Револуционерна Организација ги хранеа во поткрепа од т.н. Големи сили, во разгорот на народното востание, тогаш се покажаа како сосема илузорни. Тие не само што не му дојдоа на помош на востанатиот народ за слобода, туку и нивните конзулати во Македонија не мрднаа дури ни со прст да ги заштитат барем жртвите на разбеснетиот турски аскер по поразот на македонското востание.

Во новото народно востание во 1941-1944 година македонскиот народ не беше сам. Со него беа сите народи на Југославија…Нашиот народ од Вардарска Македонија се вклучи во заедничката  НОБ на југословенските народи и заедно со нив ја извојува  својата слобода. Нашиот народ од Егејска Македонија, покажа не помал хероизам и масовно учествуваше и учествува во општата антифашистичка и против-македонска борба за слобода и демократија во Грција на страна на ЕАМ. Во Бугарија македонското население се приопшти кон ОФ движење и зеде најактивно учество…

…Но борбата не беше само југословенска, општо балканска. Таа беше општоевропска и светска војна… Новиот македонски Илинден од 1941-1944 година беше дел од општата грандиозна борба… Во таа  борба се наредија… таквите големи сили… СССР, Англија и САД. Илинденците во 1903 г. не можеа ни да мечтаат за толку голем број и за такви моќни пријатели и сојузници.

Востанието од 1941-1944 се крена во новиот распоред на внатрешните сили во Македонија…жРбетот на движењето беше селанството… Со појавата на работничката класа, македонското движење придоби поголема внатрешна сила и замав… Стана хегемон на движењето.

Од мали социјалистички групи се стигна по војните до една единствена и силна КП во Вардарска Македонија, а како дел на КП на цела Југославија. Се создадоа силни комунистички организации и во Пиринска и во Егејска Македонија…

Комунистите, како претставници на целиот работен народ во Македонија, беа најголемите борци против великосрпските, великобугарските и великогрчките потисници. Тие беа смели пионери на партизанското движење, како во Вардарска, така и во Пиринска и Егејска Македонија…

…Активното учество на овие смели антифашисти во македонското национално -ослободително  движење, стократно го наплати предавството на врховистите и на фашистите од типот на И. Михајловци, Н. Коларовци, Китинчевцџи, Филиповци и др. Овие орудија на Хитлер, Мусолини и на цар Борис, воопшто не ги изразуваа интересите и стремежите  на нашата македонска буржоазија…

…По 9-ти септември 1944 г., кога бугарските војски се повлекоа од Вардарска Македонија и кога дојде Иван Михајлов со помош на Германците да образува “независна” Македонија, тој не можеше да најде поткрепа кај никого и побрза да ја напушти земјата…

…На 5 мај 1945 г. беше свикано АСНОМ на Второ вонредно заседание. Се донесе решение, да се вика Народно собрание на Македонија… Се избира нов Президиум и првата Влада на ДФ Македонија. За претседател беше избран Лазар Колишевскипрвиот организатор на тоа востание, пред да падне в раце на полицијата и на фашистичкиот суд, што му изрече смртна пресуда, подоцна заменета со доживотен затвор.

Во Југославија, вклучително и во Вардарска Македонија, организатор и раководител на НОБ беше КПЈ на чело со Јосип Броз Тито… Беше создаден и НО фронт, што по ослободувањето беше наречен Народен фронт. На чело на НФ во Македонија стои стариот илинденец Димитар Влахов. Тој, беше потпрестедател на АВНОЈ, а сега е потпретседател на Сојузниот собор на Југославија.

Д-р  Иван Алексов

ДОКУМЕНТИ ЗА МАКЕДОНИЈА И МАКЕДОНЦИТЕ (од праисторијата до почетокот на 21 век)

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.