|
||||
ВЕЛИГДЕНСКА ЧЕСТИТКА! |
Светскиот Македонски Конгрес упатува искрени честитки до Неговото Блаженство г.г. Стефан Архиепископ Охридски и Македонски, митрополитите, епископите, свештениците, монасите и монахињите на Македонската Црква, до сите православни во Македонија и до православните Македонци во светот, по повод големиот христијански празник Воскресението Христово - Велигден.
Нека Воскресението Христово ја врати самопочитта, самодовербата, храброста и достоинството на Македонците! Светскиот Македонски Конгрес повикува на семакедонско помирување и обединување меѓу Македонците во сите делови на Македонија и во целиот свет, со вера во Бога и љубов за Македонија! Оплакувајќи ги страдањата на распетието Христово, во очекување на радосната вест за Неговото воскресение, достојно да се потсетиме на стоте години окупација врз Македонија, стоте години геноцид врз Македонците од Балканските војни 1912-1913 година и единствени и обединети да ги одбраниме државното име Македонија, името на македонскиот народ и името на македонскиот јазик! Христ Воскресе! Навистина Воскресе! |