Четврток, 10 Јуни 2021    PDF Печати Е-пошта
Вознесение Христово (Спасовден)

spasovden

Вознесение Господово се празнува четириесет денови после Велигден, поточно во четвртокот на шестата недела после празникот наВоскресението Христово.

Значење

Откако по Неговото воскресение светите апостоли и жените мироносици Го видоа, Христос го изврши сето она што беше потребно за спасение на човечкиот род, и дошло времето да Се врати кај Отецот: на земјата ја покажа љубовта Божја, со страданијата и жртвата го искупи човекот, а со воскресението покажа дека и смртта е победена, давајќи му ветување за вечен живот на човекот. На тој начин се открива Христовата икономија за човекот: Вознесувањето е исполнување на Воскресението Христово, а со тоа - и човековото воскресение и вознесение.

Празнување

Четириесетиот ден после Христовото воскресение, Христос им се јави на Неговите ученици, и им заповеда да одат по целиот свет, проповедајќи го Светото Евангелие на сите луѓе, велејќи им дека кој ќе поверува, и се крсти, ќе биде спасен, а кој не поверува, ќе биде осуден. За да успеат во таа мисија, Христос им Го ветил Светиот Дух Утешител, оти без Неговата благодат не би биле спремни да ја извршат доверената мисија. Откако им ја даде таа заповед, ги поведе своите апостоли и Пресвета Богородица на Маслиновата гора, близу Ерусалим, каде ги подигна рацете и ги благослови, и потоа на очиглед на сите присутени, Се вознесе на небото. Учениците се радувале на она што го гледале нивните очи. И додека тие со погледот Го барале Вознесениот Господ, им се јавиле два ангела, велејќи им: „Мажи, Галилејци, зошто стоите и гледате во небото? Овој Исус Кој од вас се вознесе на небото, ќе дојде така како што Го видовте да оди на небото.

На вечерната богослужба која се служи во средата пред Вознесение, во склад со црковниот типик се врши Оддание на Пасха, еден вид затворање на циклусот на празнување велигденското празнување. Почетокот и крајот на службата во овој ден се врши исто како и на самиот ден Велигден. Повторно се пеат радосни стихови: “Нека воскресне Бог и нека се разбегаат непријателите Негови...“ и “Овој ден го создаде Господ, да се возрадуваме и возвеселиме во него...“. Се простуваме и се “разделуваме“ од Велигден, до идната година.

Установувањето на празникот Вознесение Господово е во длабоката древност. За тоа ни говорaт сведоштвата на писмените споменици. Така, уште „Апостолски установи” пропишуваат празникот да се празнува во 40-иот ден по Пасха (кн. V гл. 18). Особено важни се сведоштвата од свети Јован Златоуст и блажени Августин. Свети Јован Златоуст овој празник го нарекува „најважен и голем” и го вбројува меѓу празниците кои, како Пасха и Педесетница, се установени од апостолите. Блажени Августин, споменувајќи за општото чествување на празникот, според Преданието, исто така, смета дека е установен од апостолите. Каноните на Вознесение Господово ги напишал свети Јован Дамаскин и преподобен Јосиф Песнописец. Кондакот и икосот се од свети Роман Слаткопеец.

Празникот Вознесение спаѓа во подвижните Господови празници и трае десет денови: еден ден предпразништво, кој се совпаѓа со оддавањето на Пасха, и осум денови попразништво. Оддавањето на празникот е во петокот на седмата седмица по Пасха.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.