|
||||
Во Романија прослевен 8 септември, Денот на независноста на Република Македонија |
Македонска нација „Република Македонија ќе продолжи во нејзините напори да гради мостови на пријателство и соработка. Како добар сосед, ние продолжуваме со изградбата на инфраструктурните и енергетските, трговските и економските, политичките и културните коридори, кои не` поврзуваат нас со сите наши поблиски и подалечни соседи. Овие коридори што сега се градат, овие врати на соработка кои ги отвораме, еден ден ќе се користат од страна на нашите деца и децата на нашите соседи. Тие ќе живеат во иднина во регионот кој сега ние го создаваме. Ние сакаме да им оставиме обединет европски регион, со избришани граници на поделбите од минатото“ – вели амбасадорот д-р Панде Лазаревски за романскиот „NINE O’CLOK“. Македонците ширум светот го одбележаа нациналниот празник 8 Септември, Денот на независноста. Како и насекаде, така и Македонците во Романија со пригодна прослава ја одбележаа 23 годишнината од независноста на Република Македонија. Денот на независноста на Македонија во Романија беше одбележан во соработка со Форумот за романско-македонско пријателство, а на настанот беше присутен и принцот Димитрие Шербан Стурза, еден од оснивачите на форумот. Овој настан, на кој беа присутни македонскиот амбасадор во Романија д-р Панде Лазаревски, конзулот Ханиф Даути, како и претставници на македонската заедница во Романија дојдени дури од Темишвар, ќе го одбележат и романските медиуми. По повод 8 Септември, Денот на независноста на Република Македонија, македонскиот амбасадор во Романија д-р Панде Лазаревски за романското списание „NINE O’CLOK“ од 8 септември 2014 година, ќе ја даде следната изјава: „Првиот ден од независноста започна во турбулентно време на болна трансформација и транзиција на нашиот регион. Во такви тешки околности, Република Македонија беше решена да биде добар сосед, да биде фактор на мирот и стабилноста, да помогне во градењето на напреден и просперитетен регион. Во годините што изминаа, имало периоди на прослави и успеси, но исто така и на тешки моменти, кога се соочивме со предизвици. И покрај сите предизвици, со гордост можеме да констатираме дека имаме постигнато многу. Денес регионот е драматично променет во позитивен начин. Денес, 23 години по суверената одлука на нејзините граѓани за независна држава, Република Македонија е политички стабилна земја со динамична економија, чекор пред полноправно членство во НАТО и во Европската унија. Од прогласувањето на независноста, ние останавме верни на нашите основни вредности, меѓу кои се мирот, слободата, демократијата, човековите права и вековната македонска традиција на соживот и почитување на различностите. Ние продолжуваме да ја промовираме Република Македонија како суверена држава во која владеењето на правото е воспоставено и загарантирано, во која е обезбедена социјалната правда и солидарноста. Водени од основните вредности и принципи и силно посветени на реформите, Владата на Република Македонија успеа да ја направи Македонија препознатлива во светот како една од најдобрите бизнис дестинации. Стабилна макро-економска политика, ниска инфлација, избалансирани јавни финансии и низок буџетски дефицит, стабилен девизен и низок јавен долг, како и нејзината млада, образована и вредна лојална работна сила, и рамни даноци, ја направија Македонија привлечна бизнис дестинација за инвеститорите. Според Дуинг бизнис, Македонија е рангирана на 25-то место меѓу 189 земји во светот, и има најдобра бизнис-клима во Југоисточна Европа. Неколку години по ред, Македонија е избрана како најдобар реформатор во Југоисточна Европа, и меѓу 3 најдобри реформатори во светот. Ние веќе ги искусивме првите плодови на позитивната бизнис клима за странски директни инвестиции, до 1.871 милијарди евра за периодот 2007-2013 година. Водечкиот принцип на македонската надворешна политика е принципот на постојана отвореност кон сите. Во овој поглед ние остануваме отворени за оние кои се најблиску до нас - нашите соседи. Вложивме многу енергија во создавање на средина за поуспешна билатерална, регионална и мултилатерална соработка со земјите од непосредното и поширокото соседство. Иако се соочивме со предизвици и недоразбирања, ние сме посветени на градење на добрососедски односи околу нас, и искрено пријателство со сите нации и народи низ светот. Со позитивен пристап, предизвиците ќе се претворат во нови можности и денешните недоразбирања се увертира кон посилно пријателство утре. Националниот ден Како добар сосед, Република Македонија ќе продолжи во нејзините напори да гради мостови на пријателство и соработка. Како добар сосед, ние продолжуваме со изградбата на инфраструктурните и енергетските, трговските и економските, политичките и културните коридори, кои не` поврзуваат нас со сите наши поблиски и подалечни соседи. Овие коридори што сега се градат, овие врати на соработка кои ги отвораме, еден ден ќе се користат од страна на нашите деца и децата на нашите соседи. Тие ќе живеат во иднина во регионот кој сега ние го создаваме. Ние сакаме да им оставиме обединет европски регион, со избришани граници на поделбите од минатото. Вистина е дека ние, сегашната генерација, не само што го наследивме светот од нашите предци, но што е уште поважно, имаме позајмено од генерациите што доаѓаат. Република Македонија е особено горда на своите традиционално добри односи со Романија, кои произлегуваат од силна традиционална, историска и културна врска меѓу народите на двете пријателски земји и докажано од страна на високо ниво официјални посети во изминатите години. Сепак, постои простор за многу, многу поголема билатералната соработка, особено во областа на економијата, како и на полето на културата и академската соработка, кои се во постојан пораст. Очекувањата се дека со голема размена на бизнис информации и состаноци на стопанствениците од двете земји, како и воспоставување на директни летови меѓу главните градови, ќе се прошират бизнис можностите и ќе се оди кон подобрување на економската соработка. Иницијативи на збратимените градови би можеле да ја зајакнат економската соработка на локално ниво, да бидат поддршка за зголемување на бизнис контактите и туристичката размена. Исто така, за подобра перспектива во економската соработка, важно е да се има многу поцврста меѓусебна медиумска видливост со презентирање на информации поврзани со традицијата, историјата и културата, економските можности и бизнис средините во двете земји. Како европска земја, ние остануваме фокусирани на остварувањето на нашата европска иднина. Воведовме континуирани реформи кои резултираа со визната либерализација; добивме позитивни извештаи на Европската комисија и препораки за отпочнување на преговори за членство на Република Македонија во Европската унија. Последно, но не и безначајно, Република Македонија ја цени Романија како земја во која, заедно со Романците, живеат и многу Македонци кои не ги заборавиле своите македонски корени, но во исто време, тие се горди и лојални граѓани на Романија, земја која е искрен пријател на Република Македонија“ - вели амбасадорот д-р Панде Лазаревски во својата изјава за романскиот „NINE O’CLOK“. |