|
||||
Честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар |
Претседателот на Република Македонија д-р Ѓорге Иванов упати честитка до сите христијански верници кои го прославуваат Божиќ според Грегоријанскиот календар. Почитувани, Ми претставува задоволство во овие празнични денови на сите верници кои го прославуваат Божиќ споредГрегоријанскиоткалендар да им го честитам претстојниот празник на Раѓањето Христово. Божиќ е симбол на Божјата љубов, простување и милост од кои извира новата надеж за нов почеток. Овој голем празник нè учи да ги следиме врвните морални и етички закони и да дејствуваме во согласност со начелата на вистината. Божиќ е време кога одново ги потврдуваме нашите искрени заложби за негување и за почитување на различноста како врвна вредност на македонското повеќеетничко, повеќерелигиско и повеќејазично општество. Време што нè инспирира да придонесуваме кон мирот, благосостојбата, среќата и севкупниот напредок на нашата татковина Македонија. Честитајќи им го Денот на Раѓањето Христово на сите македонски граѓани кои го прославуваат споредГрегоријанскиоткалендар, посакувам да продолжиме да ја пренесуваме божиќната порака за вистината за верата според која живееме. Христос се роди – вистина се роди! д-р Ѓорге Иванов |