Среда, 31 Декември 2014    PDF Печати Е-пошта
Нова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година

nova-godinaНова година е денот што го одбележува почетокот на новата календарска година. Римската нова година е на 1 март, а овој ден се прославува на различни начини во многу култури.

Грегоријанскиот календар

Новата година според Грегоријанскиот календар, кој денес е најкористен низ целиот свет, паѓа на 1 јануари, но постојат разлики во разни култури според календарите што се употребуваат за пресметување на почетокот од новата година.

Во земјите кои го користат Грегоријанскиот календар, првиот ден од новата година паѓа на 1 јануари. Овој датум како прв ден од новата година е проширен низ целиот свет, дури и во земјите кои слават друг ден како почеток на новата година (на пример Кина и Индија). Прославата на новата година се случува вечерта наспроти 1 јануари, односно на 31 декември, и се смета за најголем настан проследен со големи огномети.

Во Сиднеј на полноќ се користат околу 80.000 огномети, и има повеќе од милион и пол посетители, а во 2009 година овој настан беше најгледан преку телевизија. Во Лондон покрај впечатливиот огномет, новата година ја најавува и удирањето на часовникот Биг Бен, кој означува полноќ. Во Њујорк, прославата се одвива на плоштадот Тајмс Сквер. Во Единбург прославите траат четири дена, додека во Скопје, веќе традиционално новата година се дочекува на плоштадот во центарот на градот.

Јулијанскиот календар

Јулијанскиот календар е стар црковен календар кој се користи од Македонската Православна Црква, Српската Православна Црква, Руската Православна Црква, Украинската Православна Црква и Источните цркви вклучувајќи ја и Вселенската Патријаршија. За разлика од Грегоријански календар овој календар е поназад за 13 дена во периодот 1900-2100 година и се зголемува таа разлика за 1 ден по 2100 година.

При заземањето на Египет од страна на Рим, Римјаните се запознале со новиот за нив начин на пресметување на времето и Јулиј Цезар решил да го воведе и во Рим, но со поголема точност, за да ги поврзе сончевата година со онаа од Европа, односно Сонцето со европската пролет, лето итн.

По наредба на Јулиј Цезар, математичарот од Александрија Созиген создал римски календар, наречен Јулијански. Така, бил воведен во Римската империја на 1 јануари 46 година п.н.е. со кое од 1 јануари започнувала годината.

Според овој календар една година трае точно 365 денови и 6 часа. Секоја четврта година се смета за висококочна и се состои од 366 денови.

Источната Православна Црква се уште го користи Јулијанскиот календар, па оттаму и прославата на Стара Нова година на 14 јануари, кој е всушност 1 јануари според Јулијанскиот календар. Новата година на 1 јануари се прославува во овие земји како државен празник, а Стара Нова година како народен или религиозен празник..

Кинеската Нова година

Кинеската Нова година, позната е и како лунарна (месечева) Нова година, секоја година е на различен датум, а паѓа на првата Млада Месечина од првиот месечев месец, или околу четири до осум недели пред пролетта. Датумот е секогаш меѓу 21 јануари и 21 февруари според Грегоријанскиот календар. Традиционално оваа прослава е одбележана со прослава на едно од дванаесетте животни кои се основа на кинеската астрологија. Оваа прослава е една од најважните во Кина.

Еврејска Нова година

Рош Хашана е еврејска Нова година и во буквален превод од еврејски јазик значи „глава на годината“.

Во јудаизмот има четири чествувања на "новата година" и секое од нив обележува различна "година" од правна гледна точка. Како што во грегоријанскот календар, 1 јануари ја обележува "Нова година", во исто време има и други датуми кои го обележуваат почетокот на фискалната, учебната или другата "нова година".

Рош Хашана ја обележува новата година за луѓето, животните и правните договори. Во Мишна овој ден е наречен и како денот, од кого започнуваат да се бројат календарските години, како и шмита (седмата година, време во кое е забрането да се обработува земјата) и годината јобел (годината после шмита).

Овој празник во традиционалниот јудаизам се слави на први и втори тишри (септември - октомври). Во Библијата овој ден е означен како ден на собирање и дување во труби (Лев 23,24), а славењето на овој празник како почеток на новата година има свое потекло во Талмуд бидејќи таму овој ден се сметал за празник на раѓањето на светот. За разлика од обичаите на другите народи, кај Евреите овој празник се слави сериозно, со присетување на гревовите и покајание. Се дува во шофар, чии звуци, кои потсетуваат на плач, треба да повикаат на покајание.

Традиционалниот јудаизам знае за обичај според кој во текот на првото попладне од овој празник се оди на некоја река каде што има риби. Се кажуваат молитви, а во вода се фрлаат трошки леб што го симболизира отфрлањето на гревот. Со овој празник започнува периодот кој се нарекува „десет дена каење“ и се завршува со празникот Јом кипур.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.