Среда, 07 Јануари 2015    PDF Печати Е-пошта
Крвавото Коледе - 1945 година

CekutkovПишува: Ѓорги Чекутков

Премрежијата и голготите кои ги поминал македонскиот народ низ историјата го потикнале Македонецот на отпор и борба против разните окупатори на македонската земја. Внатрешната македонска револуционерна организација представуваше најдобрата военополитичка формација на Македонецот,во борбата против разните поробувачи.Но се прашуваме зошто до ден денес сеуште постои онаа вештачка поларизација која беше наметната од историската доктрина на комунистичкиот систем,преку која намерно се отфрлени видни македонски револуционери и борци за македонската кауза кои со својата фанатичност и посветенеост на ослободителното дело во свеста на тогашните современици претставуваала синоним за отпро саможртва и макеодонски патриотизам.Конкретно би ја посочил македонската револуционерка Мара Бунева, Македонаката која со својата пожртвуваност,ја прикажа нескршливоста и достоинството на македонската жена.Нејзиното дело потврдено е во архивските документи кои денес целосно ни се на дофат и добро му е познато на секој историчар дека Бунева загина за македонската,а не за бугарската кауза и дека беше лојален борец на ВМРО во која владееше силна дисциплина и хиреархија.

Ако се навратиме добро и ја прочитаме македоската историја ќе забележиме дека во неа за контроверзни се прогласени само оние македонски револуционери кои вооружено се бореле против српската окупација во Македонија,ликвидирале српски воени,полициски лица или видни српски политичари и властодршци.Ваквото деградирање и оцрнување на целата оваа плејада на македоски револуционери кои фанатично се бореле против српската власт ,а под партолата за Независна Македонија,денес мислам дека ни дава една друга представа и слобдно можиме да заклучиме дека вооружената борба на македонскиот народ против српската окупација во Македонија која опфаќа еден временски интервал од 1919 до 1934 година намерно беше саботирана и осудена како штетена за Македонците и борбата за македонска држава.

Фактите говорат дека од кога е возобновена ВМРО од страна на Тодор Алексадров и Александар Протогеров во 1919 година па до нејзината забрана од страна на бугарската влада на Кимон Георгиев во 1934 година во сите документи ВМРО се бори за Независна и Обединета Македонија и Македонија на Македонците, додека Пиринска Македонија представувала една мала автономна држава под власт на ВМРО. Атентатот врз српскиот военополициски началник и јавен обвинител Велимир Прелич беше дело преку кое ВМРО и Мара Бунева уште еднаш се спротиставија на робството и теророт кој во вардарскиот дел го вршеа српските власти врз македонскиот народ.

Мара Бунева е родена во Тетотво 1902 година во добро ситуирана и аристократска фамилија, нејзните родители Ана и Никола Буневи биле угледни луѓе и претставувале за една од најстарите македонски фамилии во Тетово.Од патриотски побуди учителката Бунева пристапува во редовите на ВМРО таа е сестра на Борис Бунев еден од видните револуционери на ВМРО.Атентатот врз српскиот обвинител Велимир Прелиќ претставувал отпор и одмазда за судскиот процес против членовите на ММТРО(македонска младинска тајна револуционерна организација), Димитар Ѓузелов осуден на 20 години строг затвор,Димитар Чкатров од Прилеп 15 години строг затвор,Борис Светиев од Битола,Тодор Гичев и други.Судскиот процес врз овие студенти предизвикал голема заинтересираност кај европската јавност бидејќи ММТРО представувала македонска студенска организација со свои седишта во европските метрополи и представувала цутот на младата македонска интелегенција.Атентатот врз Велимир Прелиќ Мара Бунева го извршила на 13 јануари 1928 година во близина на камениот мост во Скопје. Откако го ликвидирала српскиот полициски началник, Бунева се обидела да се самоубие скокајќи од мостот во реката Вардар,сепак преживеала,а починала наредниот ден во скопската болница.На посмртната постела според искажувањето на македонската емиграција во Европа Бунева пред да умре ги изговорила следните зборови:”Ја сакам мојата татковина Македонија”.Денес Мара Бунева сеуште е отфрлена од македонската историја дури нејзиниот фанатичен гибел е представен како безначајно дело,а бугарската пропаганда сите овие отфрлени македонски хеори ги присвојува како свои и преку нив делува за остварување на своите цели. И Бунева и Черноземски се представени како платени убијци меѓутоа таквото тврдење е сосема погрешно и неточно,бидејќи платениот убиец го извршува делото без да биде виден или фатен, платеникот никогаш не се саможртвува туку бега од местото на настанот,додека атентатите извршени по пат на саможртва се дело на фанатици кои му служат на одредена идеолошка организација. Мара Бунева била член на ВМРО чиј лидер тогаш бил Ванчо Михајлов,меѓутоа таа не му служела на Михајлов туку на македонското ослободително дело.Ако добро ги познаваме статутот и законите на ВМРО ќе потврдиме дека во Организацијата се пристапувало под целосна заклетва и секој член се “покрстувал” ,а со чинот на заклетвата тој се колнел дека ќе ги исполнува задачите и целите кои ќе му бидат дадени од Организацијата. Тие цели и задачи ги исполнувала Мара Бунева,таа била лојален борец и фанатик на ВМРО спремна во секој миг да го положи својот живот пред олтарот на македонското ослободително дело.

Мара Бунева заслужува свое место во македонската историја,таа е македонска хероина,која го жртвувала својот живот за слободата на македонскиот народ,таа заслужува свој споменик кој би претставувал дел од значајниот проект за македонската историја “Скопје 2014” покрај самиот кеј на Вардар, со овај чин македонската историја би добила еден целосен континуитет и еднаш засекогаш ќе и се каже стоп на бугарската, српската и останатитете пропаганди.

Уште еден настан кој од комунистичките власти бил целосно затскриен е “Крвавото коледе”,тоа претставува настан кој комунистичките власти во СР Македонија го извршиле над 1400 Македонци членови на ВМРО и борци за Независна и Обединета Македонија. Овие ликвидации комунистичките власти ги извршиле тајно на 6,7, 8 и 9ти јануари 1945 година,а продолжиле и на 16 и 17 јануари,овие масовни ликвидации слободно можат да се прогласат за геноцид врз група чесни македонски синови.Бугарската пропаганда и историографија повторно го злоупотребила овај настан прикажувајќи ги ликвидираните како Бугари иако се работи за етнички Македонци кои се бореле за Независна македонска држава. Сите овие заборавени и отфрлени настани и личности време е да го добијат своето место во македонската историја,бидејќи нивното отфрлување и дистанцирање вешто го користат соседните пропаганди за остварување на нивните цели.

 

На прво место

News image

Мане Јаковлески: Мојот пат по стапките на месијата 2011 година (8)

Петта станица-десно кон улицата Францис, од каде патот нагло, остро се издига кон Голгота (Калварија...

Историја

News image

Границите на Македонија се таму, до каде што допира римскиот меч

Македонија станува римска провинција во 146 година п.н.е., откако римскиот војсководец Квинт Цецилие...

Иселеници

Култура и туризам

News image

ВО АНКАРА– ГРАДОТ НА АТАТУРК И ПРЕСТОЛНИНАНА ТУРЦИЈА(10)

ДЕЛ ОД ПОСЕТИТЕ НА ГРАДОВИ ВО СВЕТОТ ВО ПУБЛИКАЦИЈАТА „СВЕТОТ НА ДЛАНКА“ НА СЛАВЕ КАТИН 

Your are currently browsing this site with Internet Explorer 6 (IE6).

Your current web browser must be updated to version 7 of Internet Explorer (IE7) to take advantage of all of template's capabilities.

Why should I upgrade to Internet Explorer 7? Microsoft has redesigned Internet Explorer from the ground up, with better security, new capabilities, and a whole new interface. Many changes resulted from the feedback of millions of users who tested prerelease versions of the new browser. The most compelling reason to upgrade is the improved security. The Internet of today is not the Internet of five years ago. There are dangers that simply didn't exist back in 2001, when Internet Explorer 6 was released to the world. Internet Explorer 7 makes surfing the web fundamentally safer by offering greater protection against viruses, spyware, and other online risks.

Get free downloads for Internet Explorer 7, including recommended updates as they become available. To download Internet Explorer 7 in the language of your choice, please visit the Internet Explorer 7 worldwide page.